Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан


Иран планира да ја запре илегалната имиграција од Авганистан. Затоа планира да изгради ѕид на границата, пишува Дојче веле. Бетонскиот ѕид треба да биде долг 74 километри, висок четири метри, а дополнително ќе биде обезбеден со бодликава жица. Предвидено е да се гради на североистокот на Иран, каде што голем број луѓе илегално ја минуваат […]

На Дунав кај Будимпешта се судрија крузер и чамец, две лица го загинаа, пет се исчезнати


Две лица го загубија животот доцна синоќа, а пет се водат за исчезнати во судар на мал моторен чамец и крузер на реката Дунав северно од Будимпешта, соопшти денеска унгарската полиција. Телата на возрасен маж и жена се пронајдени северно од главниот град, а властите се уште трагаат по пет исчезнати лица. Сома Чечи, портпарол […]

Словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност


Словачкиот премиер Роберт Фицо е надвор од животна опасност по обидот за атентат, изјави денеска министерот за одбрана и вицепремиер Роберт Калинак за словачката новинска агенција ТАСР. Состојбата на Фицо се подобрува и вчера беше соопштено дека е стабилизирана, според министерката за здравство Зузана Долинкова. Лекарската комисија утре треба да одлучи дали тој ќе биде […]

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка


Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж утре ќе дознае дали е изгубена неговата 13-годишна правна битка против екстрадицијата од Велика Британија во САД, каде што е обвинет за шпионажа. Двајца судии на Високиот суд во Лондон утре ќе одлучат дали британскиот суд ги прифаќа гаранциите од Вашингтон дека Асанж (52) нема да се соочи со смртна […]

Саудискиот крал Салман бин Абдулазиз на медицински прегледи поради висока температура и болки во зглобовите


Кралот на Саудиска Арабија, Салман бин Абдулазиз (88) денеска ќе биде подложен на медицински прегледи поради висока температура и болки во зглобовите, објавија државните медиуми. Кралот на Саудиска Арабија ќе биде подложен на прегледи во Кралската клиника во палатата Ал Салам во пристанишниот град Џеда на Црвеното Море, објави државната саудиска новинска агенција. Како што […]

Украинското воздухопловство ги соборило сите 37 дронови лансирани од Русија


Украина ги уништи сите 37 беспилотни летала лансирани синоќа од Русија против цели на многу места во земјата, соопшти украинското воздухопловство. Во соопштението се наведува дека уништените беспилотни летала „Шахед“ биле насочени кон главниот град Киев и украинските градови Одеса, Миколаив, Суми и Виница, како и цели во регионите Житомир, Черкаси и Херсон. 

Франција започна голема операција во Нова Каледонија, вклучени повеќе од 600 жандарми


Франција започна голема операција во која се вклучени повеќе од 600 жандарми за целосно враќање на контролата на патот меѓу главниот град на Нова Каледонија Нумеа и аеродромот на француската прекуморска територија, каде шест лица загинаа во немири. Францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманен, доцна синоќа на платформата Икс објави дека во Нова Каледонија […]

Украина побарала помош од САД за напади на територијата на Русија


Украина се обратила до администрацијата на претседателот Џо Бајден со барање за помош да се лоцираат цели во Русија врз кои Киев би можел да нанесе удари со сопствено оружје, соопшти синоќа „Волстрит журнал“ повикувајќи се на извори во Белата куќа. -Ти ги замолија (САД) за помош да се нанесат удари во Русија. Стануваше збор […]

Израелската армија ги повика Палестинците да ги евакуираат крајбрежните населби во северниот дел на Газа


Израелската армија ги повика Палестинците во крајбрежните населби во северниот дел на Газа да ја евакуираат областа додека ја продолжува операцијата во Џабалија. Портпаролот на Израелските безбедносни сили (ИДФ) на арапски јазик, Авичај Адри, објави список на нови зони што треба да се евакуираат, а на палестинските цивили им беше кажано да се преселат во […]

Кралот Чарлс, кралицата и принцот Вилијам на прославите на Денот Д


Британскиот крал Чарлс, кралицата Камила и принцот Вилијам ќе присуствуваат на настаните во Нормандија во јуни по повод 80-годишнината од слетувањето на сојузничките сили во Денот Д, објави во петокот Бакингемската палата. Чарлс и Камила ќе присуствуваат на церемонијата на Министерството за одбрана и на британската кралска легија во Вер-сур-Мер на 6 јуни на британската […]

Поплави во источна Белгија


Подрачјето на белгискиот град Лиеж е погодено од поплави предизвикани од обилните дождови кои веќе предизвикаа штети во Франција. На подрачјето на тој град досега се евидентирани околу 550 интервенции, а гувернерот Ерве Џамар мобилизирал 150 пожарникари во борбата против последиците од елементарната непогода. „Ова се главно интервенции за испумпување вода кои продолжија денеска изутрината“, […]

Полска се вооружува со „бајрактари“: Варшава е побогата со 24 турски беспилотни летала


Турската воена компанија „Бајкар“ соопшти дека на Полска и испорачала 24 беспилотни летала „Бајрактар“ ТБ2. Според соопштението на Министерството за одбранбена индустрија, првите сериски испораки на овие дронови во Полска следеле во октомври 2022 година, по што беспилотните летала биле испорачани во април и октомври 2023 година. Последната испорака беше извршена овој месец, а беше […]

Напаѓачот на Фицо призна вина


Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Цинтула беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот. Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Премиерот на Словачка, Роберт Фицо […]

Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков


По копнениот напад на руската армија приближно 10.000 луѓе се евакуирани од областа Харков, североисточна Украина. Гувернерот на Харков, Олег Синегубов наведе дека украинската армија одбила два обиди за пробивање на одбраната во текот на ноќта, но оти ситуацијата е „под контрола“. Руските сили нападнаа неколку градови, вклучувајќи го и Вовчанск, на само пет километри […]

Уште пет месеци: Најавена Трета светска војна?


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека на пет месеци до изборите во САД може да избие трета светска војна поради неспособноста на актуелното американско раководство. „Со идиотите кои ја водат оваа земја, нема да има многу луѓе живи бидејќи моќта на модерното оружје е застрашувачка. Можеме да бидеме втурнати во Трета светска војна во […]

Напаѓачот кој со чекан го претепа сопругот на Ненси Пелоси е осуден на 30 години затвор


Малку повеќе од 18 месеци откако сопругот на Ненси Пелоси, поранешната демократска претседателка на Претставничкиот дом на САД, Пол Пелоси беше нападнат со чекан во неговиот дом во Сан Франциско, насилникот е осуден на 30 години затвор. Судијата во Сан Франциско ја изрече казната во петокот, објавија американските медиуми. Обвинителот побара 40 години. Напаѓачот на […]

Зеленски: Од примирјето за време на ЛОИ корист ќе има само Русија


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека ја отфрлил идејата на шефот на француската држава Емануиел Макрон за „примирје“ со Русија за време на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз. Според Зеленски примирјето „ќе му користи на непријателот“. – Да замислиме за момент дека има прекин на огнот. Прво, […]

Поплави и свлечишта по силниот дожд во Германија


Обилните дождови доведоа до поплави и предизвикаа лизгање на земјиштето во западната германска покраина Сар во петокот. Зградите во главниот град Сарбрикен и другите општини мораа да бидат евакуирани поради зголеменото ниво на водата. Heavy flood at the street due to extreme rainfalls in Saarwellingen, Germany 🇩🇪 (17.05.2024) TELEGRAM JOIN 👉 https://t.co/9cTkji5aZq pic.twitter.com/NnrOiwmLg4 — Disaster […]

ИДФ: Во нападот врз Џенин елиминиран „влијателен екстремист“


 Израелските безбедносни сили (ИДФ) денеска соопштија дека вчера извршиле напад врз палестински „оперативен центар“ во Џенин, Западен Брег и ликвидирале „влијателен и баран екстремист“. Во соопштението на ИДФ се наведува дека е елиминиран екстремистот Ислам Хамајс, одговорен за повеќе напади во Западен Брег. Бригадата Ал Кудс, военото крило на Исламски џихад, го потврди убиството на […]

Климатски активисти упаднаа на пистата на аеродромот во Минхен, предизвикувајќи колапс


Германската полиција уапси осум климатски активисти кои упаднаа на аеродромот во Минхен, затворајќи го накратко и откажани околу 60 летови. Шест климатски активисти пробија и се закачија на пистата со лепак, изјави портпаролот на полицијата, додавајќи дека ситуацијата сега е под контрола и дека двете аеродромски писти се отворени за слетување и полетување. Овој упад […]