(Видео) Објавена е последната снимка на иранскиот претседател Ебрахим Раиси од хеликоптерот кој потоа се урна


На социјалната мрежа Икс  (поранешен Твитер, објавена е снимка за која се вели дека се последната на иранскиот претседател Ебрахим Раиси од хеликоптерот кој потоа се урна. President Raisi’s last video pic.twitter.com/SBNpYZDzCX — Huma Zehra (@HumaZhr) May 19, 2024 Хеликоптер „Бел 212“ со иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи се урна во […]

Меѓународниот суд на правдата побара налог за апсење на Нетанјаху


  Меѓународниот суд на правдата побара налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за наводни воени злосторства, објави Ројтерс. „Постојат разумни основи да се верува дека израелскиот премиер Нетанјаху сноси кривична одговорност за воени злосторства и злосторства против човештвото“, рече обвинителот на Меѓународниот суд на правдата.  

Фотографии од местото на падот на хеликоптерот на претседателот на Иран


  Фотографиите од местото на падот на хеликоптерот со кој се превезуваше претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, и министерот за надворешни работи покажуваат дека навистина се работи за прилично непристапен терен во планините на провинцијата Источен Азербејџан. Исклучително густата магла е веројатно една од причините за падот на хеликоптерот, но таа ги попречи и спасувачките […]

Жена со нож влетала во училиште и убила две лица во Кина


Две лица загинаа, а 10 се ранети во напад со нож во основно училиште во Кина, соопшти полицијата. Засега не се знае дали меѓу жртвите има и деца. Нападот се случил околу пладне по локално време во училиште во градот Гуиси во провинцијата Џиангси, јавува Би-би-си. Полицијата соопшти дека нападот го извршила 45-годишна жена, која употребила […]

Хамнеи прогласи петдневна жалост во Иран по смртта на Раиси


Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска прогласи петдневна национална жалост поради смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси кој загина во хеликоптерска несреќа. Хамнеи претходно изјави дека првиот потпретседател на Иран Мохамед Мохбер е одговорен за извршната власт и оти има рок од 50 дена за одржување претседателски избори. Според Уставот, во случај на […]

Лани во светот имало 168 пријави за загуба или кражба на радиоактивен материјал


Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) апелира за подобра заштита на радиоактивниот материјал за време на транспортот, бидејќи се евидентирани голем број загуби или кражби. Минатата година, 31 земја пријавиле вкупно 168 случаи на кражба или губење на радиоактивен материјал. Ова го соопшти МААЕ во понеделникот, на почетокот на конференцијата за нуклеарна безбедност во Виена. […]

Хаосот продолжува; Франција започна голема операција (фото/видео)


Немирите во Нова Каледонија, кои од ден на ден се зголемуваат, продолжија и во неделата, а француските специјални сили започнаа голема операција за враќање на контролата врз патиштата во главниот град Нумеа. За шест дена, нередите меѓу безбедносните сили и членовите на движењето што се залага за независност на Нова Каледонија резултираа со смрт на […]

По враќањето од Иран, турското беспилотно летало го исцрта националниот симбол на земјата


Директорот на турската компанија Бајкар Селџук Бајрактар ​​претходно објави дека беспилотното летало „акинџи“ произведено од оваа компанија одиграло голема улога во пронаоѓањето на хеликоптерот во кој се наоѓал иранскиот претседател Ебрахим Раиси и другите членови на делегацијата. Бајрактар ​​во оваа прилика сподели и видео од летот на овој беспилотен авион, кој по завршувањето на потрагата […]

Кој е Мохамад Мокбер, можен привремен претседател на Иран?


Како потпретседател на Иран, се очекува Мохамад Мокбер да стане привремен претседател за да помогне во организирањето на претседателските избори што треба да се одржат во рок од 50 дена од смртта на претседателот Раиси. Еве кој е тој. Роден на 1 септември 1955 година, Мокбер, како Раиси, се смета за близок до врховниот лидер […]

Кој беше Ебрахим Раиси


Ебрахим Раиси загина во хеликоптерска несреќа во северозападниот дел на Иран. Раиси беше претседател на Иран од 2021 година и ја водеше земјата во позадина на несогласувањата на меѓународно ниво и со внатрешни предизвици, оцени синоќа агенцијата Франс прес. Во Иран во текот на ноќта траеше потрагата по исчезнатото летало, во кое, покрај Раиси, беа […]

Во руски напад погодено одморалиште и села во близина на Харков, загинаа 11 лица


Русија погоди одморалиште во близина на Харков и ги нападна околните села, при што загинаа најмалку 11 луѓе, а повеќе се повредени. Ракетните напади се најнови во серијата континуирани руски напади во последните недели врз регионот на вториот по големина град во Украина во североисточна Украина, каде руските сили започнаа офанзива. Украинскиот претседател Володимир Зеленски […]

Иранскиот претседател Раиси загина во хеликоптерска несреќа


Сите девет лица во хеликоптерот на иранскиот претседател Ебрахим Раиси кој се урна во северозападниот дел на земјата загинаа, јави иранската државна новинска агенција ИРНА и државната телевизија. Раиси и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан се меѓу деветте загинати, пренесува ДПА. No trace of survivors at site of Iranian president’s copter crash: IRSC […]

Временските услови ја отежнуваат потрагата по хеликоптерот на Раиси


Потрагата по паднатиот хеликоптер со кој се патуваше иранскиот претседател Ебрахим Раиси е отежната од густата магла, обилните врнежи од дожд, силниот ветер, како и темнината. Се очекува температурата да се спушти под нула степени. Претходно, командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) во Источен Азербејџан, Асгар Абасголизадех изјави дека ИРЦГ откриле сигнал од […]

Идентификувана точната локација на падот на хеликоптерот Раиси


Командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) во Источен Азербејџан, Асгар Абасголизадех изјави дека ИРЦГ откриле сигнал од хеликоптерот и од мобилен телефон на еден од екипажот на местото на инцидентот. – Во моментов, заминуваме со сите воени сили во областа и се надевам дека ќе им дадеме добри вести на луѓето, посочи Абасголизадех […]

Шпанија го отповика амбасадорот откако аргентинскиот претседател ја нарече сопругата на шпанскиот премиер „корумпирана“


Шпанија го отповика својот амбасадор во Буенос Аирес на консултации во неделата, откако аргентинскиот претседател Хавиер Милеи даде погрдни коментари за сопругата на шпанскиот премиер Педро Санчез за време на десничарскиот митинг во Мадрид. Шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес во изјавата исто така рече дека Мадрид бара јавно извинување од Милеи, по […]

ИРНА: Сè уште се трага по хеликоптерот


Државната Иранска новинска агенција (ИРНА) објави дека во тек е опсежна операција за пребарување и спасување откако хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси беше принуден да изврши „тврдо слетување“ во планинскиот регион во северозападниот дел на Иран. Инцидентот се случи денеска во шумата Дизмар помеѓу градовите Варзакан и Џолфа во иранската провинција Источен Азербејџан. Раиси […]

Инцидент со хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран, Раиси. Еве што се случило


По веста објавена од Иранската државна телевизија дека хеликоптерот, со кој патувал претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, имал „тврдо слетување“ на терен се упатени 16 спасувачки тимови и беспилотни летала. Според новинската агенција Мехр операцијата за пребарување и спасување ќе потрае извесно време поради непроодноста на теренот, планинските и шумските услови, како и неповолните временски […]

Загина еден од најдобрите украински пилоти


Украинската армија извести дека го загубила еден од најдобрите пилоти, потполковникот Денис Васиљук. Тој беше и началник на Генералштабот и прв командант на авијациската ескадрила на 831-та тактичка авијациска бригада, која ја објави веста за неговата смрт во борбена задача. Зад него имаше бројни мисии против руската војска, а тој беше носител на Орден за […]

Зеленски го отфрли предлогот на Макрон за олимписко примирје


Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрли повикот на францускиот претседател Емануел Макрон за примирје во војната меѓу Украина и Русија за време на Летните олимписки игри во Париз. Русија би го искористила секое суспендирање на непријателствата за да ја притисне својата воена предност, рече Зеленски во петокот во интервју за агенцијата Франс прес. „Да бидеме […]

В. Британија ќе плати милијарди фунти отштета за лицата лекувани со крв заразена со ХИВ или хепатитис Ц


Британија ќе плати повеќе од 12,7 милијарди долари како компензација на илјадници пациенти во 1970-тите и 1980-тите кои биле лекувани со крв заразена со ХИВ или хепатитис Ц, објави во неделата Сандеј Тајмс. Скандалот со употребата на контаминирана крв и крвни продукти се смета за една од најголемите грешки во третманот на пациентите во историјата […]