Цел град во Полска покриен со мраз (видео)


Вчера околу пладне полскиот град Гиезно го зафати страшно невреме со силен град. Делови од градот беа целосно покриени со мраз, автомобилите не можеа да возат, а пешаците не можеа да одат. Потоа следеа поројни поплави. Ситуацијата беше многу драматична, во градот пристигнаа бројни противпожарни единици од целиот регион.   Поплавени се бројни згради, бројни […]

Австралија и Нов Зеланд испраќаат авиони за евакуација на туристи од Нова Каледонија


Австралија и Нов Зеланд најавија дека ќе испратат владини авиони за да ги евакуираат своите граѓани од Нова Каледонија, француска прекуморска територија каде што летовите се прекинати поради насилните протести по повод измените на изборните закони. „Граѓаните на Нов Зеланд во Нова Каледонија се соочија со неколку предизвикувачки денови и нивното враќање дома беше итен […]

Финска бара ЕУ да изнајде мерки за спречување на влезот на мигранти од Русија


 Финска бара Европската Унија да изнајде заеднички мерки за спречување на т.н инструментализирана миграција, што значи проток на мигранти кои доаѓаат од Русија без валидни патни документи, изјави финскиот премиер Петери Орпо. Финска ја затвори границата со Русија минатата година за да го спречи зголемениот број на пристигнувања од земји, вклучувајќи ги Сирија и Сомалија, […]

Маж на Алјаска е убиен од женка лос – се обидувал да ги фотографира нејзините младенчиња


Женка лос нападна и уби 70-годишен маж од Алјаска, кој се обидувал да ги фотографира своите две новородени младенчиња. „Двајца мажи ги барале бебињата на лосотс кога ги нападнала женка лос. Тие се обиделе да избегаат, но лосот го убил Дејл Чорман од Хомер. Другиот маж не е повреден”, изјави Остин МекДаниел, портпарол на Одделот […]

Во Полска уапсени девет лица поради саботажа за руски служби


Полскиот премиер Доналд Туск соопшти дека полицијата уапсила девет лица кои извршиле саботажа во Полска за службите на Русија. „Во моментов имаме девет осомничени уапсени и обвинети за извршени акти на саботажа во Полска, директно во име на руските служби“, изјави Туск за телевизијата ТВН24. Меѓу наводните злосторства се палење и тепање, а Полска соработува […]

Франција го поддржа МКС во врска со повикот за налози за апсење на лидерите на Израел и Хамас


Министерството за надворешни работи на Франција соопшти дека ја поддржува независноста на Меѓународниот кривичен суд и неговата „борба против неказнивоста“, во врска со повикот на обвинителот на МКС за издавање налози за апсење на лидерите на Израел и Хамас. „Франција го поддржува Меѓународниот кривичен суд, неговата независност и борбата против неказнивоста во сите ситуации“, се […]

СБ на ОН не ја изгласа предлог-резолуцијата од Русија за спречување на распоредување оружје во вселената


 Советот за безбедност на Обединетите нации вчера не ја изгласа предлог-резолуцијата поднесена од Русија со која се повикуваат сите земји да преземат итна акција за да го спречат распоредувањето оружје во вселената. Предлог-резолуцијата доби седум гласа „за“, додека седум земји, вклучително и САД, гласаа против, а Швајцарија беше воздржана. За усвојување на резолуцијата беа потребни […]

Берлин: Барањето за апсење на лидерите на Израел и Хамас дава лажна слика за еквивалентност


Германија оцени дека барањата на обвинителот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за издавање налози за апсење на лидерите на Израел и Хамас под сомнение дека извршиле воени злосторства даваат „лажен впечаток на еквивалентност“. „Истовременото поднесување налог за апсење на лидерот на Хамас од една страна и двајца израелски функционери од друга страна даде лажен впечаток […]

Серија од 49 земјотреси во регионот на Неапол, најголем број во последните 40 години


Серија од 49 земјотреси се регистрирани синоќа во близина на Неапол, во јужна Италија, без поголема материјална штета, но предизвикало паника кај населението, соопштија тамошните власти. Според Националниот институт за геофизика и вулканологија, тоа е најголемата серија земјотреси во последните 40 години. Земјотрес со јачина од 4,4 степени е регистриран во 20 часот и 10 […]

Борел за барањето за апсење на Нетанјаху: Државите се обврзани да ги спроведуваат одлуките на судот


Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел во врска со повикот на обвинителот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да издаде налог за апсење на лидерите на Израел и Хамас, рече дека сите држави што ги ратификувале статутите на МКС се должни да ги спроведуваат неговите одлуки. – Мандатот на МКС, како […]

Судењето на Трамп влегува во завршница


Мајкл Коен, некогашниот личен адвокат на Доналд Трамп и клучен сведок на обвинителството, се враќа денеска да сведочи на судењето на поранешниот американски претседател. Трамп е првиот претседател на САД кој некогаш се соочил со кривична пријава, и судијата предложи завршница на судењето идната недела. Коен е соочен со уште неколку часа прашања од адвокатот […]

Илјадници демонстранти протестираат против Владата на Бенјамин Нетанјаху


Додека членовите на израелскиот парламент повторно се состануваат по пауза од шест недели, попладнево пред зградата на Кнесетот во Ерусалим се собраа илјадници антивладини демонстранти од цел Израел. Полицијата постави два реда барикади кои ги делат демонстрантите од Кнесетот, а присутните извикуваа слогани против премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговата влада, пишува Тајмс оф Израел. „Биби […]

Бајден ја нарече „срамота“ одлуката на Хаг за апсење на Нетанјаху


Бајден ја нарече „срамота“ одлуката на обвинителот на Меѓународниот кривичен суд во Хаг да бара налог за апсење на премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху. Тој рече дека „срамниот“ потег ги загрозува разговорите за прекин на огнот, пишува Тајмс Оф Израел. Во исто време судот во Хаг(МКС) издаде налог за апсење на лидерот на групатата Хамас. – […]

Нетанјаху за налогот за апсење од МКС: Тоа е апсурдна одлука


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за првпат се огласи по информацијата дека по него ќе биде распишана потерница за злосторства за време на војната против Хамас. Обвинителството на Меѓународниот кривичен суд во Хаг денеска ја објави одлуката за барање за налози за апсење на водачите на Хамас Јахја Синвар, Мухамед Деиф и Исмаил Ханије поради сомнение […]

Мелони пречека осуден убиец со раширени раце


  Италијанската премиерка Џорџа Мелони навлече прашања откако лично го поздрави осудениот убиец на аеродромот во близина на Рим со „целосни почести“. Чико Форти, кој беше осуден на доживотен затвор во Флорида во 2000 година за убиството на хотелиерот Дејл Пајк, пристигна на италијанскиот воен аеродром Пратика ди Маре во неделата откако Мелони преговараше за […]

Извештај: Британските власти го прикривале скандалот со заразена крв


 Британската Национална здравствена служба (НХС) денеска го објави извештајот по петгодишната истрага во кој се наведува дека лекарите, владата и НХС го прикривале скандалот со заразената крв и свесно ги изложиле жртвите на неприфатливи ризици. Во периодот од 1970 до 1991 година повеќе од 30.000 луѓе биле заразени со хепатитис Це и ХИВ со откако […]

Барањето во Хаг за потерница го стави Нетанјаху во друштво на Путин


  Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд во понеделникот изјави дека бара налози за апсење на лидерите на Израел и Хамас, вклучително и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во врска со нивните акции за време на седуммесечната војна меѓу Израел и Хамас. Карим Кан рече дека верува оти Нетанјаху, неговиот министер за одбрана Јоав Галант и […]

Политико: Морални превирања во православниот свет


На еден час возење од главниот град на Молдавија, во селото Бозеини, православниот свештеник Тудор Роман пали три свеќи кај олтарот во малата селска црква. „Се молам за прошка за гревовите на патријархот Кирил“, вели тој.   Многу молдавски свештеници веруваат дека поглаварот на Руската православна црква, московскиот патријарх Кирил – кој е поглавар и […]

Падна одлука: Асанж има право на жалба


Британскиот суд донесе конечна одлука – основачот на Викиликс, Џулијан Асаж, има право на жалба против екстрадицијата во САД поради протекувањето на голем број тајни американски документи. Двајца судии од Високиот суд во Лондон одлучуваа дали да веруваат во гаранциите на САД дека Асанж нема да се соочи со смртна казна и дека може да […]

(Видео) Објавена е последната снимка на иранскиот претседател Ебрахим Раиси од хеликоптерот кој потоа се урна


На социјалната мрежа Икс  (поранешен Твитер, објавена е снимка за која се вели дека се последната на иранскиот претседател Ебрахим Раиси од хеликоптерот кој потоа се урна. President Raisi’s last video pic.twitter.com/SBNpYZDzCX — Huma Zehra (@HumaZhr) May 19, 2024 Хеликоптер „Бел 212“ со иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи се урна во […]