СЗО: Се уште немаме доволно информации дали опоравени од Ковид-19 стекнуваат имунитет


Aнглија – Научници од Светската здравствена организација велат дека се уште немаат доволно информации за заклучок дали луѓето се имуни на последователна инфекција со Ковид-19 по закрепнувањето од таа болест. Шефот на одделот за вонредни ситуации во СЗО Мајкл Рајан, на вчерашниот брифинг изјави дека се претпоставува дека луѓето кои биле заразени со новиот коронавирус и […]

Гутереш ги одложи смените и ротациите во мисиите на ОН до 30 јуни


САД – Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш до 30 јуни го одложи испраќањето и ротациите во 13-те мисии на ОН ширум светот за да се спречи ширењето на коронавирусот. ОН имаат околу 85.000 припадници во мировните мисии во Африка, Азија, Европа и на Блискиот Исток, потсетуваат американските медиуми. Шефот на одсекот на ОН за мировни […]

Кина одобри клиничко тестирање на две експериментални вакцини против корона вирусот


Кина одобри почетна фаза на тестирање на луѓе за две експериментални вакцини против новиот корона вирус од кој во светот починаа повеќе од 100.000, објави денеска новинската агенција Ксинхуа. На развојот на вакцината работи кинеската подружница на Синовац Биотек (Sinovac Biotech)  и Институтот за биолошки производи во Вухан, подружница на кинеската државна фармацевтска групација. Кина […]

Во светот речиси два милиони заразени со корона вирусот, починале околу 120.000 луѓе


Бројот на заразени со корона вирусот во светот се доближи до два милиони, со речиси 120.000 починати, покажуваат најновите податоци на универзитетот Џонс Хопкинс и порталот Worldometeres. Во светот со новиот коронавирус се заразени 1.920.985 лица, а 119.686 луѓе починале, според универзитетот Џонс Хопкинс, додека според Worldometers заразени се 1.925.571 луѓе, а починале 119.718. Од […]

ОН: Поради Ковид-19 над 117 милиони деца може да останат без вакцина за сипаници


Повеќе од 117 милиони деца би можеле да ја пропуштаат имунизацијата против сипаници, бидејќи пандемијата Ковид-19 принудува на социјално растојание и го зголемува притисокот врз здравствените услуги, предупредија здравствените агенции на Обединетите нации, јави Ројтерс. Во 24 земји веќе се одложени кампањите за имунизација од сипаници, а се очекува тоа да биде направено и во […]

Светот може да учи од пристапот на Виетнам во борбата со корона вирусот


  Без смртни случаи и околу 200 заразени, пристапот на Виетнам кон коронавирусот е пофален од Светската здравствена организација и може да им одржи лекција на земјите што се борат да ја контролираат појавата на епидемијата. И покрај тоа што Кина и Виетнам имаат заедничка граница, Виетнам во комбинација на рано одлучно дејствување, екстензивно тестирање, […]

СЗО: Корона вирусот нема да исчезне, ќе мораме да се штитиме


Луѓето со маски веројатно ќе станат ново правило, оценува експертот на Светската здравствена организација (СЗО) Дејвид Набаро. Во разговор за Би-Би-Си тој кажа дека општествата мораат да се прилагодат и „да научат да живеат со новата реалност“, бидејќи коронавирусот веројатно ќе го има уште извесно време. -Овој вирус нема да си замине, не знаеме дали […]

Берни Сандерс ја поддржа кандидатурата на Џо Бајден


Сенаторот Берни Сандерс синоќа официјало даде поддршка на кандидатурата на неговиот соперник во трката за претседателска номинација, поранешниот потпретседател Џо Бајден. Чекорот е насочен кон обединување на демократите во пресрет на изборите во ноември. Сандерс ја прекина својата изборна кампања пред само пет денови, и сега, се појави заедно со Бајден и посочи дека коронавирусот […]

Во Детроит починатите од корона ги сместуваат и во собите за одмор на лекарите


Вработените во болницата „Синај грејс“ во Детроит не успеваат починатите од корона вирусот достојно да ги сместат во соодветни простории, па нивните тела ги оставаат во бели вреќи наредени едни над други во гаражата, во ладилник на болничкиот паркинг, во просториите на лекарите, дури и во собите за одмор на лекарите и на медицинскиот персонал […]

Лекарите во Босна масовно земаат боледување во екот на епидемијата


Стотици лекари и други медицински работници во Босна и Херцеговина се на боледување во екот на епидемијата на корона вирусот, од која се инфицирани повеќе од илјада луѓе до понеделникот и починаа 39 лица. Досега се заразени 1.018 лица со корона вирус, со епидемии во Бања Лука (257), Читлук (81), Мостар (55) и Широки Брег […]

Емануел Макрон навестува крај на мерките во Франција


Францускиот претседател Емануел Макрон во телевизиското обраќање до Французите соопшти дека ограничувањата, кои стапија на сила на 17 март, ќе траат до понеделник 11 мај, под услов да се почитуваат истите.Во своето четврто обраќање, од почетокот на епидемијата, шефот на француската државата започна со овие зборови: -Живееме во тешки денови. Благодарение на нашите напори, напредуваме […]

СЗО: Новиот коронавирус е десетпати посмртоносен од грипот H1N1


Новиот коронавирус е десетпати повеќе смртоносен од вирусот на грип А (H1N1) што се појави во Мексико во март 2009 година, соопштија денеска СЗО, повикувајќи на бавно повлекување на карантинските мерки. „Податоците собрани во неколку земји ни даваат појасна слика за овој вирус, неговото однесување и како можеме да го спречиме“, рече генералниот директор на […]

Трамп нема да го отпушти д-р Фаучи


Вашингтон – Белата куќа соопшти во понеделникот дека претседателот Доналд Трамп нема да го отпушти во американскиот експерт за заразни болести Ентони Фаучи и покрај ретвитот за пораката на поддржувачот #Отказ за Фаучи. „Оваа медиумска врева е смешна – претседателот Трамп не го отпушта д-р Фаучи“, рече портпаролот на Белата куќа, Хоган Гидли. „Д-р Фаучи […]

Франција – уште 574 починати, бројката стигна до 14.967


Бројката на починати во Франција од новиот корона вирус се зголеми 574 денеска и сега таа изнесува 14.967, соопшти францускиот орган за јавно здравје во понеделникот. Телото додаде 6.821 пациенти во моментот се наоѓаат во одделите за интензивна нега, што е намалување од 6.845 во неделата. Денеска имало регистрирано нови 4.188 случаи на инфекција, со […]

До Белград и понатаму: Пекинг го извезува кинескиот модел за борба против вирусот


Пекинг сака да наметне глобално лидерство во борбата против Ковид-19, откако се соочи со критики од многу страни места за својот млак одговор при избувнувањето на заразата   Минатиот месец, шест кинески медицински професионалци излегоа од авионот на „Ер Србија“ во Белград, а нив на црвениот теших ги пречекаа претседателот Александар Вучиќ и низа министри. […]

Бројот на жртвите во Италија надмина 20.000


Корона вирусот во Италија уби повеќе од 20.000 луѓе, драматичен праг што е надминат само од САД. Во последните 24 часа загинаа 566 лица (вчера беа 431), достигнувајќи вкупно 20.465 смртни случаи. Податоците на Цивилната заштита покажуваат дека покрај бројот на жртви, повторно расте и оној на хоспитализирани со симптоми (28.023, 176 повеќе од вчера). […]

Во Шведска втор ден се намалува бројот на заразени и починати лица од Ковид-19


Во Шведска во последните два дена регистриран е најмал број на смртни случаи како последица од новиот коронавирус. Од последици од Ковид-19 во Шведска вчера починале 17 луѓе, додека денеска забележани се 12 смртни случаи. Тоа е голем пад на смртните случаи во споредба со другите денови, посебно во однос на 8 април кога починаа […]

Во Австрија утре се отвораат продавниците со површина од 400 метри квадратни


Австрија– Австрискиот министер за здравство Рудолф Ансшобер изјави дека земјата утре влегува во втора, одлучувачка фаза од борбата против новиот коронавирус и ги повика граѓаните да не упропастат се што досега е постигнато во сузбивање на епидемијата. Во Австрија утре се отвораат продавниците што имаат површина од 400 метри квадратни, а продавачите и купувачите ќе […]

Студија: Можно е половина од смртните случаи во Европа да се во домови за нега на стари лица


Англија – Податоци од Италија, Шпанија, Франција, Ирска и Белгија укажуваат дека околу половина од смртните случаи во некои европски земји се чини дека се во домови за нега на стари лица. Тоа го објави „Гардијан“, повикувајќи се на студија на академици во Велика Британија. Целта на нивната работа е да објаснат зошто Велика Британија може […]

Илјадници Американци бараат помош од Банката за храна (фото, видео)


Неверојатни фотографии објавија медиумите во САД на кои се гледаат илјадници граѓани кои со своите возила чекаат во километарски колони барајќи помош од Банката за храна. Станува збор за непрофитна добротворна организација што обезбедува храна за оние кои имаат тешкотии да ја купаат доволно да не останат гладни. Некои од ваквите банки работат според моделот […]