Бројот на жртвите во Италија надмина 20.000


Корона вирусот во Италија уби повеќе од 20.000 луѓе, драматичен праг што е надминат само од САД. Во последните 24 часа загинаа 566 лица (вчера беа 431), достигнувајќи вкупно 20.465 смртни случаи.

Податоците на Цивилната заштита покажуваат дека покрај бројот на жртви, повторно расте и оној на хоспитализирани со симптоми (28.023, 176 повеќе од вчера).

За среќа, продолжува да паѓа бројката на најсериозните пациенти, оние на интензивна нега: 3.260 лица, 83 помалку од вчера. Ова постојано опаѓање на тешките случаи е показател дека е достигнат врвот, но не и надминат.

Вкупната бројка на оние што се инфицирани достигна 159.516 (денеска имаше 3.153, а вчера 4.092)

Денеска беше соопштено дека се излекувани уште 2.424 лица, а вкупната бројка е 35.435.