СЗО: Корона вирусот нема да исчезне, ќе мораме да се штитиме


Луѓето со маски веројатно ќе станат ново правило, оценува експертот на Светската здравствена организација (СЗО) Дејвид Набаро.

Во разговор за Би-Би-Си тој кажа дека општествата мораат да се прилагодат и „да научат да живеат со новата реалност“, бидејќи коронавирусот веројатно ќе го има уште извесно време.

-Овој вирус нема да си замине, не знаеме дали луѓето кои го имале ќе бидат имуни по него, и не знаеме кога ќе ја имаме вакцината, истакна доктор Набаро.

Тој наведе дека луѓето ќе мора да се штитат, да носат маски, да оддржуваат физичка дистанца и да ги штитат ранливите групи.

-Тоа мора да стане навика, тие симптоими, дури и да се благи, навистина мораме да ги сфатиме сериозно, истакна експертот на СЗО.

Доктор Набаро, исто така, предупреди на опасноста „на влажните пазари“, како и на убивањето и јадењето диви животни, отккао „влажните пазари“ повторно беа отворени во кинескиот град Вухан, од каде почна пандемијата на Ковид-19.