Трамп нема да го отпушти д-р Фаучи


Вашингтон – Белата куќа соопшти во понеделникот дека претседателот Доналд Трамп нема да го отпушти во американскиот експерт за заразни болести Ентони Фаучи и покрај ретвитот за пораката на поддржувачот #Отказ за Фаучи.

„Оваа медиумска врева е смешна – претседателот Трамп не го отпушта д-р Фаучи“, рече портпаролот на Белата куќа, Хоган Гидли. „Д-р Фаучи беше и останува доверлив советник на претседателот Трамп“.

Трамп во неделата го повтори твитот на поранешниот републикански кандидат за Конгрес, кој беше критичен за коментарите што Фаучи ги направи во интервјуто за Си-ен-ен и содржеше повик за негово отпуштање. Фаучи (79) е директор на Националниот институт за алергија и заразни болести од 1984 година. (Ројтерс)