Пропадна најстарата светска туристичка компанија, стотици илјади туристи останаа заглавени ширум светот!


Најстарата патничка агенција во светот Томас Кук банкротираше поради огромни долгови при што стотици илјади туристи се заглавени во странски држави бидејќи нивните хотели и летови не се платени. Директорот на компанијата, Петер Фанкхаузер, рече дека жали што бизнисот пропаднал откако не успеале да позајмат средства за спас на работењето. Британската агенција за цивилно воздухопловство …

Пропадна најстарата светска туристичка компанија, стотици илјади туристи останаа заглавени ширум светот! Read More »

Шпанската полиција уапси деветмина каталонски сепаратисти


Деветмина каталонски сепаратисти рано утрово се уапсени во шпанската североисточна област Каталонија поради планирани насилни акции, соопшти шпанската полиција.   – Апсењето го нареди шпанскиот Врховен суд, изјави портпаролка на Цивилната гарда, без да даде детали.   Весникот Ла Вангуардиа пишува дека деветмината се уапсени за време на рација која почнала во пет часот утрово …

Шпанската полиција уапси деветмина каталонски сепаратисти Read More »

Се урна училница во Кенија, загинаа седум ученици


Најмалку седум ученици загинаа, а 57 се повредени при уривање на една училница во училиште во Најроби, главниот град на Кенија. Портпаролот на кениската Влада го потврди бројот на жртви и повредени. Локалната телевизија објави снимки на кои се гледа како припадници на Црвениот крст ги пребаруваат урнатините на училиштето.

Џонсон: Британија смета дека Иран стои зад нападите против Саудиска Арабија


Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека Велика Британија заклучила дека Иран е одговорен за нападите на нафтените постројки во Саудиска Арабија и дека Лондон ќе размисли за учеството во американскиот проект за зајакнување на одбранбените капацитети на ултраконзервативното заливско кралство. Џонсон, сепак, додаде дека и Велика Британија со сојузниците ќе работи на „деескалација“ на напнатоста …

Џонсон: Британија смета дека Иран стои зад нападите против Саудиска Арабија Read More »

Британија се подготвува за најнечистите избори досега


Лондон – Борис Џонсон е втеран во агол околу „Брегзит“. Делумно поради неговите погрешни чекори, делумно поради зголемено спротивставување на неговиот план за „Брегзит“ – „направи или умри“, Џонсон е меѓу оние чии порази се трупаат, додека на Велика Британија како земја ѝ истекува времето. Сите преостанати опции за „Брегзит“ што му преостануваат на Џонсон …

Британија се подготвува за најнечистите избори досега Read More »

СМО: Последните пет години најтопло во историјата на мерењата


Швајцарија – Последиците од глобалното затоплување се забрзуваат, покажуваат најновите научни податоци на Светската метеоролошка организација (СМО), објавени во пресрет на климатскиот самит на ОН во Њујорк. Анализата на Метеоролошката организација предупредува дека петгодишниот период од 2014 до 2019 година беше најтопол во историјата на мерењата. Во истиот период значително е зголемено нивото на морињата, а …

СМО: Последните пет години најтопло во историјата на мерењата Read More »

Соработници на Рохани не добија американски визи за ГС на ОН


Иранскиот претседател Хасан Рохани нема да биде со вообичаениот тим советници на Генералното собрание на ОН во Њујорк, бидејќи не им се одобрени визи, јавија иранските медиуми. Новинари кои обично го придружуваат претседателот во неговите патувања во странство исто така не добиле визи. Рохани и иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф ги добија своите …

Соработници на Рохани не добија американски визи за ГС на ОН Read More »

Џонсон го повикува светот да гледа подалеку од Брегзит


Британскиот премиер Борис Џонсон се упати кон Њујорк на Генералното собрание на Обединетите нации. Тој ќе настојува да пренесе дека Велика Британија по Брегзит ќе биде динамична светска сила која ќе ги предводи напорите за решавањето на климатсите промени и нестабилниот Блиски исток. Меѓутоа, прашањето околу Брегзит ќе го оптовари неговиот тридневен престој. Тој ќе …

Џонсон го повикува светот да гледа подалеку од Брегзит Read More »

Арапскиот блок го поддржа Бени Ганц


Арапскиот блок во израелскиот Парламент го поддржа лидерот на Сино-белата партија Бени Ганц за иден премиер на Израел. Со поддршка од Арапскиот блок, Ганц ќе има повеќе пратеници од поранешнот премиер Бенјамин Нетанјаху. Претставници на арапската партија Заедничка листа денеска му соопштија на претседателот Рувен Ривлин дека го предлагаат Ганц. Заедничката листа на изборите освои …

Арапскиот блок го поддржа Бени Ганц Read More »

Трамп: Не кажав ништо тендециозно во разговорот со Зеленски


Американскиот претседател Донад Трамп денеска изјави дека не кажал ништо тенденциозно во телефонскиот разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, откако повеќе медиуми објавија исказ од анонимен информатор од Белата куќа, дека Трамп барал од Зеленски да спроведе истрага за синот на поранешниот потпретседател Џо Бајден. Трамп на новинарите им објасни дека годинава на 25 …

Трамп: Не кажав ништо тендециозно во разговорот со Зеленски Read More »

Помпео: Распоредувањето дополнителни сили на САД е заради одвраќање


Целта на САД е да се избегне војна со Иран, а распоредувањето дополнителни трупи во заливскиот регион е наменето за „одвраќање и одбрана“, изјави денеска американскиот државен секретар Мајк Помпео. Во изјава за Фокс Њуз, тој изрази уверување дека американскиот претседател Доналд Трамп би презел акција ако таквите мерки за одвраќање не успеат  и оти …

Помпео: Распоредувањето дополнителни сили на САД е заради одвраќање Read More »

Брод со 182 мигранти нема каде да се закотви


Бродот „Океански Викинг“ на кој има 182 спасени мигранти, плови по меѓународни води меѓу Италија и Малта, и чека дозвола од некоја европска земја да се закотви во нејзино пристаниште. На бродот има мигранти од Либија кои биле спасени минатата недела. Во петокот од бродот се симнаа 35 лица кои ги прими Малта. Останатите мигранти, …

Брод со 182 мигранти нема каде да се закотви Read More »

Израел почнува да им ја запира струјата на Палестинците поради долг


Израелската национална електроенергетска компанија денеска соопшти дека почнала да го намалува снабдувањето со електрична енергија во палестинските области на Западниот брег поради финансиски долг. Компанијата соопшти дека го презела овој чекор затоа што Ерусалимскиот округ за електрична енергија, кој е главен дистрибутер на електрична енергија за Палестинците, има долг од околу 485 милиони долари. Али …

Израел почнува да им ја запира струјата на Палестинците поради долг Read More »

Могерини денеска во Њујорк ќе се сретне со лидерите од Западен Балкан


Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини денеска во Њујорк ќе се сретне со лидерите од Западен Балкан. Европската комисија соопшти дека Могерини ќе има работна вечера со лидерите со Западен Балкан, во пресрет на почетокот на Генералното собрание на ОН. Пред почетокот на Генералното собрание на ОН, од Брисел најавуваат …

Могерини денеска во Њујорк ќе се сретне со лидерите од Западен Балкан Read More »

Полицијата во Хонгконг го чува аеродромот после ноќ полна со насилство


Полицијата во Хонгконг денеска зазеде позиции на главната железничка станица на патот кон аеродромот, за да ги спречи антивладините демонстранти повторно да го загрозат воздушниот сообраќај, после насилните улични судири изминатата ноќ. Аеродромот веќе беше цел на демонстрантите кои го блокираа терминалот за пристигнувања, приодните ходници, палеа огнови на улиците во блискиот град Тунг Чунг …

Полицијата во Хонгконг го чува аеродромот после ноќ полна со насилство Read More »

Поради бомба тешка 5,5 тони Полска мора да евакуира 42.000 граѓани


Властите во северозападниот дел на Полска планираат евакуација на околу 42.000 луѓе откако е пронајдена огромна сеизмичка британска бомба од Втората светска војна. Бомбата е пронајдена во близина на пристаништето Шчечин. Бомбата „толбој“ тешка 5,5 тони и долга шест метри била пронајдена за време на работа на водовод кој води до Шчечин.

Масовни оставки во партијата на Ердоган


Неодамнешните анкети и зголемувањето на несогласувањата во неговата партија предизвикуваат проблеми за турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој поради еродираната поддршка може да го изгуби мнозинството во парламентот. Бранот оставки од владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) го зголеми интензитетот како последица од годинашните локални избори, на кои владејачката партија загуби 11 големи градови …

Масовни оставки во партијата на Ердоган Read More »

САД и Канада изгубиле три милијарди птици за 50 години


САД и Канада изгубија повеќе од една од четири птици – вкупно три милијарди – од 1970 година, кулминирајќи во она што научниците кои објавија нова студија го нарекуваат „раширена еколошка криза“. Истражувачите забележале пад на популацијата на птици од 29 отсто кај различни групи и живеалишта – од песнопојни птици, до оние што одат …

САД и Канада изгубиле три милијарди птици за 50 години Read More »

ЕУ: Преговарачите се согласија да ги продолжат разговорите


Европската унија денеска соопшти дека британските и европските преговарачи се согласиле да продолжат со разговорите насочени кон надминување на кризата околу Брегзит. Европската комисија соопшти дека техничките разговори се фокусирале на „првиот сет концепти, принципи и идеи изнесени од Велика Британија“.. ЕУ побара од Велика Британија да излезе со предлози за тоа како стоката може …

ЕУ: Преговарачите се согласија да ги продолжат разговорите Read More »

Трамп тврди дека не му е потребен договор со Кина пред изборите во 2020


Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва изјави дека не е неопходно да се постигне трговски договор со Кина пред претседателските избори во САД во 2020 година. – Сакаме целосен договор, не сум заинтересиран за делумен договор, рече Трамп на заедничката прес-конференција со австралискиот премиер Скот Морисон. – Мислам дека не ми треба (договорот) пред изборите, додаде …

Трамп тврди дека не му е потребен договор со Кина пред изборите во 2020 Read More »