Најголем број новозаразени во Русија, починаа уште 18


Во Русија денеска потврдени се нови 2.558 случаи заразени од корона вирус, со што вкупниот број заразени се искачи на 18.328.
За 24 часа починаа уште 18 лица, со што вкупниот број починати сега е 148 луѓе.
Оздравеа 1.470 пациенти, соопшти рускиот центар за сузбивање на епидемија, пренесе Тасс.
Случаи на заболени корона вирус регистрирани се во 82 региони, а најмногу заразени има во Москва, повеќе од 11.500.