Папата предупреди на опасност од семејно насилство


Папата Франциск денеска предупреди дека жените во време на ограничено движење поради пандемијата со новиот коронавирус, изложени се на поголема опасност од семејно насилство.

Поглаварот на Римокатоличката црква наведе дека жените „понекогаш се изложени на насилство во текот на соживотот, чиј преголем товар го носат“. Тој повика и на молитва за жените.

Италијанската Влада деблокира триесетина милиони евра за превенција на насилството над жените во време на ограничено движење.