Невреме во САД, во Мисисипи загинаа шестмина


Националната метеоролошка служба соопшти дека силен ветар зафатил и други делови на Мисисипи, каде имало и торнадо.

Гувернерот на Мисисиспи, Тејт Ривес прогласи вонредна состојба, откако државата ја погодија неколку торнада, пренесе АП.

Од силниот ветар искинати се електрични далноводи, а на неколку куќи паднале стебла во Клерксдејл, во Мисисипи.

Градоначалникот на Монро во Луизијана, Џејми Лејо, изјавил дека во невремето оштетени се 200-300 куќи, а во градот се откажани летовите од регионалниот аеродром каде е оштетена пистата, како и неколку авиони во хангарот.