Шпанија ги олабави строгите мерки, бројот на починати денес е 517


Малку патници во возовите (Фото: Ројтерс)

Мадрид – Шпанија, една од државите најтешко погодена од глобалната епидемија на корона вирусот, во понеделникот започна со олеснување на строгите ограничување на заклучувањето кое ги одржуваше луѓето ограничени на своите домови повеќе од еден месец и ја запре економската активност.

Бројот на смртни случаи во Шпанија од корона вирусот се искачи на 17.489 во понеделникот, што е за 517 повеќе од неделата, соопшти Министерството за здравство. Потврдените случаи изнесуваат 169.496, што е зголемување од претходниот ден кога изнесуваа 166.019.

Како и да е, во знак дека ситуацијата се врти кон подобро, на некои бизниси, вклучително и градежништвото и производството, им беше дозволено повторно да се отворат.

Но, повеќето од населението сè уште е ограничено на своите домови, продавниците, баровите и јавните места ќе останат затворени најмалку барем до 26 април.

На луѓето во главните транспортни центри им беа врачени маски за лице додека одеа на работа во понеделникот наутро.

„Здравјето на работниците мора да биде загарантирано. Ако тоа е и минимално погодено, активноста не може да се започне“, изјави министерот за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка за радио станицата Кадена Сер.

Ограничувањата за заклучување помогнаа во забавување на спиралната стапка на смртност, која се искачи на почетокот на април.

Само неколку патници влегоа и излегоа од главниот влез во вообичаено преполнетата мадридската железничка станица Аточа во понеделникот наутро. Патниот сообраќај исто така беше проретчен, при што минуваа претежно јавни автобуси.

Премиерот Педро Санчез во неделата рече дека одлуката за рестартирање на некои сектори на економијата е донесена по консултација со комитет на научни експерти.

„Ние сме сѐ уште далеку од победа, од моментот кога повторно можеме да ги подобриме нашите нормални животи, но ги направивме првите одлучувачки чекори на патот кон победата“, рече Санчез.

Корона вирусот има тежок удар врз шпанската економија, со околу 900.000 работни места изгубени од средината на март. (Ројтерс)