Веруваат дека пандемијата ќе трае уште четири месеци


 

Анкета спроведена во шест земји покажува дека испитаниците очекуваат дека пандемијата од корона вирусот во светот ќе трае уште четири месеци.

Во анкетата учествувале 6.566 луѓе во Јужна Кореа, САД, Кина, Германија, Италија и Велика Британија. Податоците покажувааѕ дека граѓаните веруваат оти до крајот на епидемијата и звраќањето во нормала во просек ќе поминат 17 недели.

Резултатите покажуваат дека испитаниците во кина каде епидемијата изби во декември лани, прогнозираат дека до враќање во нормала ќе поминат девет недели, пренесе јужнокорејската агенција Јонхап.

Американците очекуваат дека пандемијата ќе помине за 15 недели, испитаниците во Јужна Кореа и Германија за 17, а Италијанците и Британците 22 недели.

Дури 22 отсто од испитаниците вруваат дека можеби ќе поминат пет месеци до дури две години пред светот да се врати во нормала.

Испитувањето покажа дека 47 отсто од испитаниците позитивно гледаат на реакцијата на своите влади на епидемијата. Најмногу доверба во Владата имаат Кинезите 79 отсто, потоа Биртанците со 50 отсто, а следат Јужнокорејците, Италијанците и Германците.

Онлајн анкетата ја спроведе маркетинг-агенцијата Флајшман – Хилард меѓу 30 март и 3 април.