Во Австрија утре се отвораат продавниците со површина од 400 метри квадратни


Австрија– Австрискиот министер за здравство Рудолф Ансшобер изјави дека земјата утре влегува во втора, одлучувачка фаза од борбата против новиот коронавирус и ги повика граѓаните да не упропастат се што досега е постигнато во сузбивање на епидемијата.

Во Австрија утре се отвораат продавниците што имаат површина од 400 метри квадратни, а продавачите и купувачите ќе мора да носат маски.

– Ја задржавме стапката на новозаразени на досегашното ниво, со денови се регистирани повеќе оздравени отколку заболени, ќе биде голем предизвик за сите, посочи Ансшобер.

Австрија има 8,8 милиони жители, а денеска се регистрирани 13.942 инфицирани лица со Ковид-19, од кои 7.343 оздравеле, а 36 починале. Бројот на хоспитализирани лица од илјада се намали на 981, вклучително и 239 кои се на интензивна нега.

– Тоа е охрабрувачки развој, добро ја надминавме првата фаза од корона кризата. Сега одлучувачката (втора) фаза ќе покаже дали ќе се продолжи со постапно намалување на рестрикциите, посочи Ансшобер.
Тој ги предупреди граѓаните поради непромислено однесување да не уништат се што досега позитивно беше постигнато во борбата против ширењето на Ковид-19. Ансшобер повтори дека остануваат на сила мерките за физичка дистанца до 1 мај.