Франција – уште 574 починати, бројката стигна до 14.967


Бројката на починати во Франција од новиот корона вирус се зголеми 574 денеска и сега таа изнесува 14.967, соопшти францускиот орган за јавно здравје во понеделникот.

Телото додаде 6.821 пациенти во моментот се наоѓаат во одделите за интензивна нега, што е намалување од 6.845 во неделата.

Денеска имало регистрирано нови 4.188 случаи на инфекција, со што вкупната бројка изнесува 136.779. Излекувани се 27.718 лица.

Здравствениот орган соопшти дека е важно да се биде претпазлив затоа што во болниците сè уште пристигнуваат многу голем број на пациенти. (Ројтерс)