Помпео: Кина е закана за нашето здравје


Групата седум индустриски најразвиени земји во светот Г7 денеска ја констатираше кинеската „кампања за дезинформирање“ за новиот коронавирус, изјави шефот на американската дипломатија Мајк Помпео. – Комунистичката партија на Кина претставува голема закана за нашето здравје и нашиот начин на живот, како што тој јасно го покажа епидемијата“, рече Помпео на прес-конференција во Вашингтон по виртуелниот […]

Заменик-британскиот амбасадор во Унгарија почина од корона вирус


Стивен Дик, заменик шеф на мисијата во британската амбасада во Будимпешта, почина откако се зарази од корона вирусот, соопшти Министерството за надворешни работи во средата. 37-годишниот дипломат почина во вторникот во Унгарија, се вели во соопштението. Тој работеше како заменик британски амбасадор во Унгарија од декември, според биографијата објавена на веб-страницата на владата на Велика […]

ЕЦДЦ: Не е сосема сигурно дека вирусот ќе исчезне во летниот период


Белгија – Не е сосема сигурно дека новиот коронавирус ќе исчезне во текот на летото, соопшти денеска Европската агенција за контрола и спречување на болестите – ЕЦДЦ. Странските агенции пренесуваат дека тоа е сериозно предупредување дека епидемијата може да продолжи дури и кога надворешните температури се зголемуваат, освен ако не се преземат мерки за нејзино спречување. Сепак, […]

Италија – бројот на мртви од корона денес е 683, а вкупно има 7.503


Четврт последователен ден се забележува пад на кривата на инфекција и смртните случаи во Италија, но тие и натаму се многу големи. Бројот на смртните случаи за последниве 24 часа беше 683 (вчера 743). Вкупната бројка е застрашувачка – 7.503. За еден ден биле регистрирани нови 3.491 случаи (вчера 3.612). Ако за Италија претставува некаква […]

На Асанж му е одбиена кауција за пуштање на слобода


Англија – На основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, денеска му беше одбиена кауцијата која неговите адвокати ја побараа за да биде пуштен на слобода поради ризик од зараза со коронавирус во затворот. Судијката Ванеса Барисер рече дека на Асанж му е одбиена кауцијата затоа што глобалната пандемија на коронавирусот не е основа за такво барање. Таа […]

Израел во уставна анархија по оставката на спикерот на парламентот


Ерусалим – Спикерот на израелскиот парламент, сојузник на премиерот Бенјамин Нетанјаху, поднесе оставка во средата, заострувајќи ја битката со Врховниот суд во врска со загриженоста дека демократијата може да биде жртва на кризата со корона вирусот. Оставката на Јули Еделштајн може да ги олесни плановите на опозицијата за брзо законодавство со кое ќе му забрани […]

Натпреварот Аталанта – Валенсија стана биолошка бомба за Бергамо


Градоначалникот на Бергамо, Џорџо Гори се согласи со експерти дека натпреварот Аталанта – Валенсија е причина за распространетиот коронавирус во регионот на Ломбардија. Аталанта ја пречека Валенсија на 19 февруари во првото осминафинале од Лигата на шампионите на УЕФА на неутрален терен на „Сан Сиро“ во Милано пред 45.000 гледачи. Аталанта победи со 4-1, а […]

Во Австрија повеќе од 5.200 заразени со коронавирусот – Словенија поставува контролни точки на границата


Австрија – Бројот на лица заразени со коронавирусот во Австрија се зголеми на 5.282, јави дописникот на МИА. Ова претставува зголемување за 778 случаи во споредба со вчера, објави австриската информативна агенција АПА. Во земјата порасна и бројот на починати од Ковид-19, а до сега за вирусот се тестирани над 32.000 граѓани. Во меѓувреме соседна Словенија […]

Путин го одложи уставниот референдум заради кризата со коронавирусот


Референдумот за усвојување на уставните амандмани, што го вклучува и оној за реизбор на рускиот претседател Владимир Путин, ќе биде одложен за време на кризата со коронавирусот, соопшти денеска претседателот, пренесе ДПА Референдумот за сериозните измени на рускиот Устав, меѓу кои и за зголемувањето на овластувањата на парламентот, во кој доминираат политичари кои му се лојални […]

Европскиот парламент ги суспендира нормалните сесии до септември


Корона вирусот го принуди Европскиот парламент да ги одложи целосните четиридневни пленарни сесии во Стразбур, барем до септември, според ревидираниот календар. Собранието ќе одржи мини пленарни седници во попладневните часови и следното утро на 13-14 мај, на 17-18 јуни и 8-9 јули. Сите сесии ќе се одржат во Брисел. Нов систем ќе се користи за […]

За Шпанците, Италијанците и Французите здравјето е поважно од економијата


Според новата анеката огромно мнозинство од граѓаните го поддржуваат целосното затворање во државите поради корона вирусот   Луѓето во Шпанија, Италија и Франција со големо мнозинство поддржуваат строги мерки за борба против ширењето на коронавирусот, според анкетата спроведена во недела и понеделник. Во трите европски земји најтешко погодени од пандемијата во однос на бројот на […]

Путин нареди воени вежби за поголема подготвеност во борбата со Ковид-19


Рускиот претседател Владимир Путин нареди воени вежби за зголемување на подготвеноста за борба против корона вирусот. Тоа го соопшти денеска Министерството за одбрана, додека во Москва повеќето продавници се затворени и забранети се јавни настани. Министерството за одбрана соопшти дека вежбите, што ќе се одржат од 25 до 28 март, ќе вклучуваат специјални медицински единици […]

Заразени со Ковид-19 и во српската Влада


Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска потврди дека државниот секретар во Министерството за животна средина Бранислав Блажиќ е заразен со новиот коронавирусот. Дачиќ во изјава за локална телевизија рече дека Блажиќ присуствувал на состанокот на ресорниот комитет во Владата, во одборот и бил во контакт со други членови на комисијата. – Имаме […]

Шпанија во црно: Повеќе мртви отколку во Кина


Уште 738 луѓе умреа во Шпанија како последица од корона вирусот, со што земјата стана втора на светот по бројот на жртви. Тоа е најголем број умрени во еден ден во Шпанија од болеста Ковид 19. Вкупниот број умрени во Шпанија е зголемен на 3.434 лица, со што ја престигна Кина, каде настрадаа 3.285 луѓе. […]

Принцот Чарлс заразен од корона вирус


Престолонаследникот на британската круна, принцот од Велс, е тестиран позитивно на корона вирус и покажува благи симптоми „но инаку останува во добра здравствена состојба“, соопшти кралското семејство. Портпарол на принцот Чарлс изјави дека неговата сопруга, Камила исто така била тестирана, но го нема вирусот. Во согласност со владините и медицинските совети, принцот и војвотката сега […]

Фон дер Лајен: Пораст на компјутерскиот криминал во период на пандемија


Белгија– Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска предупреди за пораст на компјутерскиот криминал, кој ги користи стравувањата од новиот коронавирус за продажба на фалсификувани лекови и опрема. – Многу Европјани мора да останат дома за да се намали ширењето на коронавирусот. Луѓето затоа работат од дома и поминуваат многу време на Интернет. За […]

Грета Тунберг мисли дека има коронавирус


Шведска– Грета Туберг мисли дека е „многу веројатно“ да има коронавирус. Таа на Инстаграм напиша дека изминативе две недели била во изолација. – Пред околу десетина дена, почнав да чувствувам некои симптоми, точно во исто време со татко ми, кој патуваше со мене од Брисел, пишува таа. – Се чувствував уморна, се тресев, имав болки […]

Во Либија потврден првиот случај на Ковид-19


Либија– Либијавчера го потврди првиот случај од новиот коронавирус. Националниот центар за контрола на болестите, кој дејствува во областите што се под контрола на двете ривалски страни, не даде повеќе детали, освен дека пациентот е хоспитализиран во Триполи. И меѓународно признаената влада во Триполи и администрацијата во Бенгази, воведоа забрана за движење помеѓу градовите, ги […]

Тајландскиот крал отседнува во единствениот германски хотел што работи, другите се затворени


Сите германски хотели се затворени поради пандемија со коронавирусот… Освен еден. Тајландскиот крал Маха Вајиралонгкорн и неговата придружба, неколку жени и слуги добија специјална дозвола да се засолнат во хотелот Гранд Соненбикл, којшто се наоѓа на падините на Алпите во јужна Германија. Властите во Гармиш-Партенкирхен потврдија дека хотелот добил посебно одобрение за сместување истакнати гости. […]

Зошто бројот на смртни случаи од Ковид-19 е мал во Германија?


Процентот на заразени со новиот коронавирус и починати од таа инфекција драстично варира од земја до земја, но релативно нискиот број на смртни случаи во Германија во однос на бројот на заразени лица е зачудувачки, па се поставува прашањето што е причината, наведува германската агенција ДПА. „Да бидам искрен, ние се уште знаеме премногу малку […]