(Видео) Протести ширум Германија, полицијата употреби солзавец


 

Втор викенд по ред илјадници луѓе се собираат на протести во неколку градови во Германија против рестриктивните мерки воведени поради пандемијата од корона вирус.

Проести одржаа и теоретичарите на заговор, противниците на вакцинацијата, а имаше и собири кои немаат никаква врска со рестрикциите.

Во Берлин протестите ги раздвојуваат 1.000 полицајци, кои контролираат да не се собираат повеќе од 50 луѓе на едно место. Повеќе стотици луѓе се собраа кај теоретичарите на заговор и познатиот готвач Атила Хилман против рестриктивните мерки.

Во Минхен полицијата ги однесуваше оние кои не носеа маски и не држеа дистанца.

Протестите главно поминаа мирно, освен во Хамбург, каде полицијата употреби солзавец да раздвои 800 левичари и десничари, а неколку лица беа уапсени. Во Хамбург беше одржан протест против теоријата на заговор, пренесе „Велт“.

Демонстрации се одржуваа и во Штудгарт, Минхен, Берлин, Франкфурт и на други места.

Во Штудгарт, како што најави организаторот Михаел Балвег, се очекуваа 500.000 луѓе. Заради ризикот од ширење на инфекцијата дозволено е учество на 5.000 луѓе, пренесе „Билд“. Демонстрантите имаат обврска да држат дистанца од 1,5 до два метра.

Инаку, во Штудгарт минатата ноќ, непознати лица запалија три камиони, а штетата е проценета на 200.000 евра.