(Видео) Хаос на улиците на Лондон: Протест против мерките, полицијата апси


Неколку стотини луѓе протестираат во лондонскиот Хајд парк против вонредните мерки на британската влада, јави Би-би-си.

Скотланд јард соопшти дека шест луѓе се уапсени, меѓу нив и Пирс Корбин, брат на некогашниот прв човек на лабуристите.

Демонстрантите велат дека протестираат поради загрозувањето на слободата на говор и движење, но демонстрантите извикуваа и пароли против воведувањето на мрежата 5Г и задолжителната вакцинација.

Во последните 24 часа во Велика Британија од последиците од корона вирусот починаа 468 лица, а регистрирани се нови 3.450 случаи на зараза.

Вкупниот број на заразени достигна 240.161, а од почетокот на епидемијата починаа 34.466 луѓе, пренесе Ројтерс.

До сега се тестирани околу 2,5 милиони луѓе. По бројот на заразени Велика Британија е на четврто, а по бројот на починати на второ место по САД.