Порториканците на референдум ќе се изјаснаат дали сакаат да бидат дел од САД


Премиерката на Порторико, Ванда Васкес Гарсед потпиша Закон за одржување на референдум на 3 ноември 2020 година. Граѓаните на референдумот ќе се изјаснат дали се за придружување на Порторико кон САД, како 51 држава.

САД не се обврзни да ги прифатат резултатите од референдумот.

Не е првпат Порторико да го покренува прашањето за статусот на територијата. Во ноември 2012 година на референдум на кој требаше да се одреди политичкиот статус на Порторико, 65 проценти од граѓаните се изјаснија дека се „за“ да бидат дел од САД, додека 31 отсто се изјасниле за придружна држава во сојуз со САД. Само четири проценти се изјасниле за целосна независност на територијата. Но, прашањето за придружување кон САД не беше поддржано од Конгресот.

Крисифор Колумбо на своето второ патување во 1493 година го откри Порторико,  со што територијата стана дел од шпанските колонии. Америка на 10 декември 1898 година го анектира Порторико, како последица на шпанско-американската војна.

Со Актот на Џонсон од 1917 година, Порторико добива право на внатрешна самоуправа, која во 1948 година се проширува. Островот добива комонвелтски статус на 25 јули 1952 година.

На референдум во 1967 и 1993 година граѓаните на Порторико се изјасниле против независност на островот од САД, а на референдумот од 1998 година се изјасниле и против редефинирање на комонвелтскиот статус на Порторико, што би значело поголема автономија во однос на САД.