Одложени претседателските избори во Полска, новиот датум најрано во јуни


Шефот на полската Изборна комисија изјави дека претседателот на полскиот парламент – Сејмот има 14 дена за да го соопшти новиот датум за претседателските избори во земјата. Претседателските избори во Полска првично требаше да се одржат вчера, но заради епидемијата на коронавирус, владата и опозицијата на 7 мај се договорија тие да се одложат, пренесуваат […]

Американскиот потпретседател Мајк Пенс е во самоизолација


САД – Американскиот потпретседател, Мајк Пенс, се наоѓа во самоизолација, надвор од Белата куќа, откако беше потврдено дека неговиот портпарол е заразен со коронавирусот, пренесува Блумберг, повикувајќи се на тројца неименувани извори запознаени со ситуацијата. Пенс, во саботата,  не присуствуваше на состанокот со  претседателот Доналд Трамп и восоко рангираните воени претставници. Еден од изворте на Блумберг […]

Борис Тадиќ: Идејата за бојкот на изборите се распадна


Пандемијата со корона вирусот ги промени работите, па сега опозицијата која е против Вучиќ треба да најде „нов одговор“, вели Тадиќ. Тој мисли на предлогот за формирање „Листа за бојкот“, што би значело продолжување на „бојкотот на институциите по изборите“   Идејата за бојкот на изборите се распадна, а прашањето е дали Сојузот за Србија […]

Англија воведува систем за предупредување на Ковид-19


Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ќе го презентира специјалниот систем за предупредување на новиот коронавирус во Англија, јави Би Би Си. Системот ќе ја рангира заканата од коронавирус од 1 до 5, а рангирањето ќе се менува во зависност од податоците. Засега системот ќе се применува само во Англија. Системот ќе варира од зелено ниво […]

Претседателката на ЕК најави можност за почнување правна постапка против Германија


Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека правото на ЕУ е надредено на правата на националните држави и дополни дека е можна постапка против Германија поради поткопување на европскиот правен поредок. Реакцијата доаѓа откако германскиот уставен суд го доведе во прашање првенството на највисокиот суд на ЕУ, преиспитувајќи ја стимулативната програма […]

Во Италија прв пат од март помалку од 1.000 новозаразени, 165 починаа


  Во Италија од корона вирус во последните 24 часа починаа 165 пациенти, што е за околу 30 помалку од вчера. Потврдени се 802 нови случаи, што е за околу 300 помалку отколку во саботата, соопшти денеска Агенцијата за цивилна заштита. Овој број од 9 март наваму е најмал и кај новозаболените и кај починатите, […]

Голем пожар во близина на аеродромот во Берлин


Голем пожар избувна во северен Берлин, во близина на аеродромот Тегел. Горат складишта и засега нема информации за евентуални жртви. Според градската противпожарна служба, причините за пожарот сè уште не се познати. „Изгореа неколку магацини. 110 пожарникари се борат со пожарот, кој ги зафати магацините од речиси сите страни“, соопшти преку Твитер противпожарната служба. Од […]

„Џонсон и Џонсон“ планира да прозиведе милијарда вакцини против корона


Фармацевтската компанија „Џонсон и Џонсон“ планира следната година да произведе милијарда вакцини против новиот корона вирус. Ова го најави претставник на компанијата Пол Стофелс кој рече дека клиничките тестирања на вакцината ќе почнат во септември, пренесе Си-ен-ен. „Се надевам дека резултати ќе имаме до крајот на годината“, рече Стофелс и додаде дека до тогаш би […]

Руски институт: Веројатноста за зараза со корона вирус на море или езеро е минимална


Веројатноста за зараза со корона вирус при топло време во отворени води или езера е минимална, соопшти Централниот истражувачки институт за епидемиологија на Русија, пренесе ТАСС. – Коронавирусот е респираторен вирус кој предизвикува акутни респираторни вирусни инфекции. Тој се пренесува од човек на човек преку воздушни капки и заразени површини. Во однос на отворените води, […]

САД одобрија нов тест за антитела на корона вирус


Американската Агенција за храна и лекови при Министерството за здравство одобри користење на нов тест за откривање антитела на новиот корона вирус, соопшти прес службата на Агенцијата. Тестот е расработен од американската компанија Квидел (Quidel). Тестот покажува резултати за неколку минути откако ќе се земе примерок од носната слузница. Овој тест на антитела е третиот […]

Сè повеќе европски земји ги олабавуваат рестриктивните мерки воведени поради ковид-19


Сè повеќе европски држави ги олабавуваат мерките за ограничено движење и други рестрикции, воведени со цел запирање на ширењето на пандемијата на ковид-19. Франција – По два месеци, утре почнуваат со работа фризерските салони, продавниците со конфекција, цвеќарниците и книжарниците. баровите, рестораните, кината и театрите остануваат затворени. Основните училишта ќе примат само мал број деца. […]

Конте: Нема летото да го минеме на балкони туку на плажи


Италија – Премиерот на Италија Џузепе Конте денеска им порача на Италијанците дека ќе можат да ги поминат годишните одмори на плажи и туристички дестинации во земјата, која почна постепено ги укинува ограничувањата воведени во борбата против епидемијата на новиот коронавирус. – Летото нема да го поминеме на балконите, оставајќи ги убавините на Италија во карантин. […]

Ковид-19: Французите најмногу им веруваат на лекарите, а најмалку на социјалните мрежи


Франција- Според анкетата на Ифоп за консултантската фирма „Но Ком“ објавена оваа недела, „Ле Паризиен“, 65 отсто од Французите сметаат дека е подобро да се преземат премногу мерки на претпазливост отколку брзо враќање во нормалниот живот што би било ризично во однос на здравјето, јави дописникот на МИА од Париз. Голем број од анкетираните, дури […]

Обама: Одговорот на Трамп на пандемијата е катастрофален


САД- Поранешниот претседател на Соединетите држави, Барак Обама остро ја критикуваше Белата куќа и администрацијата на Доналд Трамп за нивниот одговор на пандемијата од коронавирус, опишувајќи го како хаотичен и катастрофален. Обама зборуваше за тоа со луѓе кои работеа во Белата куќа во неговата администрација, а неговите критики беа потврдени за Си-Ен-Ен од три лица […]

Лидерството на Путин исчезна на маргините во корона вирусот


Рускиот претседател знае како да владее со земјата како автократ. Но во борбата со невидливиот непријател тој се повлече во својата дача надвор од Москва   Москва – Тоа мора да се чинеше како идеја што ќе го воодушеви рускиот претседател Владимир Путин: неговата слика во срцето на мозаик во огромната нова катедрала на вооружените […]

Ослободена Италијанката киднапирана пред две години во Кенија


Италија – Силвија Романо, Италијанката која беше киднапирана во Кенија пред 18 месеци, е ослободена и се очекува денеска да се врати во Италија, соопшти италијанската Влада. – Силвија Романо е ослободена. Им благодарам на мажите и жените од странската разузнавачка служба. Силвија, ве чекаме во Италија, напиша премиерот Џузепе Конте на својот профил на Твитер. […]

Бројот на заразени во светот од ковид 19 надмина 4 милиони


Бројот на заразени со новиот коронавирус во светот, според податоците на веб-страницата Ворлдметерс објавени утрово, изнесува 4.101.889 лица. Излекувани се 1.441.815, а починаа 280.443 луѓе. САД и натаму се на прво место по бројот на заразени – 1.347.309, како и по бројот на починати – 80.037. Втора земја во светот, а прва во Европа е […]

Францускиот Парламент ја продолжи вонредната состојба до 10 јули


Францускиот Парламент синоќа гласаше за продолжување на вонредната состојба во земјата до 10 јули. Некои пратеници и во Сенатот и во Националното собрание изразија загриженост за импликациите на законот за индивидуалната слобода, пренесува Си-Ен-Ен. – Поради тоа, францускиот претседател Емануел Макрон ќе го упати законот до Уставниот совет, тело кое ќе испита дали е во […]

Д-р Фаучи во карантин, се изложил на вирусот


Загриженоста за ширење на вирусот меѓу високото раководство на САД синоќа се зголеми откако тројца официјални личности во Администрацијата соопштија дека заминуваат во 14 дневен карантин поради веројатна изложеност на Ковид-19. Д-р Антони Фаучи, директор на државниот Институт за алергија и инфективни заболувања и еден од првите луѓе во координативното тело на Белата куќа за […]

Четири заклучоци од виртуелниот самит на ЕУ во Загреб


Обете страни – ЕУ и Западен Балкан – добија нешто од она што го посакуваа, но не и физички состанок   Тоа не беше Загрепски самит како што некој го предвидуваше. Претседателите на институциите на ЕУ, заедно со 25 од 27-те национални лидери на блокот, имаа состанок преку видео конференција доцна во средата попладне со […]