Протест во Берлин поради затворените ноќни клубови


Луѓето се собраа да протестираат против затворањето на ноќните клубови

Луѓето во Берлин денеска вкусија малку повеќе слобода, бидејќи на фитнес студијата, казината и училиштата за танцување им беше дозволено да ги отворат вратите за прв пат откако започна германското заклучување од корона вирусот на 27 март.

Спортот со максимум 12 учесници, исто така, за прв пат е дозволено да се одвива во затворен простор и ќе може повторно да се отворат баровите.

Строгите услови што треба да се почитуваат вклучуваат физичко растојание од три метри во фитнес студијата (норма во Германија е 1,5 метри), а во баровите луѓето треба да седат на маси, а не на шанкот.

Речиси во сите сценарија, од спортски сали до пабови, клиентите ќе треба да го дадат своето име и телефонски број на сопственикот за да можат да бидат контактирани во случај на појава на инфекција.

Во меѓувреме, организаторите на рејв протестот во Берлин во понеделникот мораа да се извинат откако се појави поголем од очекуваниот број демонстранти. Стотици рејвери, искористувајќи го сонцето за време на празникот, однесоа гумени чамци во каналот Ландвер во Берлин за да ги прикажат маките на берлинските ноќни клубови кои беа присилени да затворат со ограничувања на корона вирусот.

Организаторите на „Бунтот на сонувачите“ (Rebellion der Träumer) рекоа дека протестот е оправдан затоа што погаѓа многу уметници и творци на културата во Берлин чие постоење е загрозено од пандемијата на корона вирус.

„Ние демонстриравме за нашите легитимни интереси и намерно избравме да го направиме тоа во форма на демонстрација на вода за да се минимизира ризикот од инфекција“, се вели во изјавата на групите.

Организаторите не очекуваа да се појават 400 чамци, велат тие. „Повеќе пати јасно ставивме до знаење дека луѓето треба да ги задржат правилата за дистанцирање и да носат маски. Но, нашата комуникација не стигна до сите учесници“.

Организаторите не очекувале да се соберат 400 гумени чамци