Џонсон: Британија ќе ги смени правилата за имиграција ако Кина наметне закон на ХонгКонг


Велика Британија ќе ги смени правилата за имиграција доколку Кина го спроведе законот за безбедност во Хонг Конг, рече британскиот премиер Борис Џонсон.

Од примопредавањето во 1997 година, постоеше вреден концепт според клучот „една земја, два система“, загарантиран во Уставот на Хонг Конг и на кој се заснова заедничката декларација потпишана од Велика Британија и Кина“, изјави Џонсон за „Саут Џајна Морнинг пост“.

Британскиот премиер додаде дека одлуката на Кина да наметне закон за национална безбедност на Хонг Конг ги „намалува слободите и драматично ја поткопува неговата автономија “.

Тој го опиша кинескиот чекор како конфликт со обврските што ги презеде во Заедничката декларација.

– Ако Кина наметне закон, британската Влада ќе ги промени своите имиграциски правила, рече Џонсон.