Турција нарача од Русија оружје во вредност од милијарда долари


 

Директорот на Федералната служба на Русија за воено-техничка соработка Дмитриј Шугаев рече дека Турција нарачала од Русија оружје во вредост од милијарда долари.

„Можеме да констатираме дека вредноста на нарачката од Турција изнесува милијарда долари“, рече Шугаев во интервју за турската телевизиска станица Екотурк.

Шугаев рече дека во преговори се за втора партија S-400 со Турција во напредна фаза и дека Москва очекува конечен одговор од Анкара.

„Имајќи ги предвид ограничувањата воведени поради пандемијата од вирусот корона, не е благодарно да се прават прогнози за заклучување на тој договор. Сепак, разговорите за испорака на втора рунда S-400 се во напредна фаза и ние чекаме конечен одговор од турската страна“, наведе Шугаев.

Најави и соработка на двете земји во изработка на ПВО системи и воздухопловна техника.

Шугаев се надева дека со оваа нарачка не се исцрпува и понатамошната соработка меѓу двете земји.

Турција е меѓу петте најголеми увозници на руско воорушување, врз основа на набавките остварени во текот на минатата година. Во текот на 2019 година склучени се договори во вредност од 17 милијарди долари.

Најголеми увозници на руско оружје покрај Турција се Индија, Кина и Египет.