Салвини маршираше во Рим да не се носат маски


Стотици поддржувачи на екстремната десница, предводени од лидерите на опозицијата, Матео Салвини и Џорџија Мелони, ги прекршија ограничувања за социјалното растојание додека протестираа во Рим против владата на Италија.

Демонстрантите, кои излегоа на улиците за да го прослават Денот на републиката скандираа против премиерот Џузепе Конте и мерките за заклучување, кои според демонстрантите ја „ограничиле нашата слобода“. Многу приврзаници не носеа маски, а полицијата се бореше да го врати редот и мерките за социјално дистанцирање.

Дури и Салвини, кој вчера ги охрабри своите следбеници да маршираат по улиците на Рим, ги прекрши прописите со отстранување на маската.

„Експертите велат дека вирусот умира“, им рече Салвини на новинарите на прашањето зошто не ја носи маската.

Илјадници луѓе го нападнаа Салвини на социјалните мрежи за неговиот избор јавно да протестира во толку деликатен момент за земјата. Многумина дури истакнаа дека до неодамна Салвини го омаловажуваше Денот на република. Како еден од најистакнатите поддржувачи на северниот сецесионизам, на Денот на републиката во 2013 година, Салвини објави: „Добра ноќ, пријатели. Нема што да се слави денес“.