Почина уште еден лекар од Вухан кој предупредуваше на корона вирусот


 

Кинескиот лекар Ху Веифенг кој заедно со покојната Ли Венлианг кон крајот на минатата година во Вухан предупредуваше на појавата на новиот корона вирус, почина по тешка борба со заразната инфекција.

Ова е динствен смртен случај од последиците од Ковид-19 кој Кина го пријави во последните неколку седмици, јави Гардијан.

Веифенг, уролог од Вухан, почина од Ковид-19 откако повќее од четири месеци се лечеше, соопшти државната кинеска телевизија CCTV. Тој е шести лекар од Централната болница во Вухан кој почина од корона вирус кој се појави во овој град кон крајот на минатата година.

Централната болница во Вухан се уште официјално не ја потврди смртта на Ху.

На почетокот на февруари од оваа болница соопштија дека заразени се 68 здравствени работници. Здравствената состојба на урологот ја загрижи цела земја, затоа што кинеските медиуми пренесоа фотографии на кои се гледа како му поцрнела кожата од оштетување на црниот дроб.

Тој беше еден од осумте леакри заедно со Ли Венлианг кој предупреди на корона вирусот. Тие во групен разговор зборуваа за вирус сличен на САРС. Кога информациите прв пат стигнаа во медиумите, правосудните органи ги обвинија лекарите за ширење лажни вести.