Скандал во Брисел: Полицајци нападнаа членка на Европскиот парламент


Членка на Европскиот парламент, припадничка на германската партија на зелените Пјерeт Херцбергер Фофана, во центарот на Брисел ја нападнале полицајци. Информацијата ја пренесе дневникот весник „Република“, а веста е ударна во сите европски медиуми и се шири вирално по социјалните мрежи. Пјерте Херцбергер Фофана е по потекло од Мали, а вчера во центарот на Брисел […]

Патник морал да напушти авион на „Американ Ерлајнс“ затоа што не сакал да носи маска


Патникот Брендон Страка морал да го напушти авионот на „Американ ерлајнс“ кој летал од Њујорк кон Далас, откако одбил да стави маска, што е прв ваков случај во САД. Конзервативниот активист, кој има голем број следбеници на Твитер, го објави своето искуство во видео, нарекувајќи ја ситуацијата „лудост“, јави Би-Би-Си. Како одговор на видеото на […]

Ајфеловата кула повторно отворена од следната седмица


Ајфеловата кула во Париз е предвидено повторно да биде отворена за јавноста од 25 јуни. Меѓутоа, лифтовите ќе бидат исклучени поради претпазливост од коронавирусот. Посетителите првата седмица нема да може да одат погоре од вториот кат. А, до почетокот на јули ќе можат да се искачуваат на кулата само по скали, бидејќи лифтовите се сметаат […]

УНХЦР: Рекордни 79,5 милиони раселени лица во светот во 2019 година


Швајцарија – До крајот на минатата година рекордни 78,5 милиони лица ширум светот ги напуштиле своите домови, бегајќи од војните и прогонствата, што е рекордна бројка во оваа турбулентна деценија на раселувања, соопштија денеска Обединетите нации. Бројот на раселени лица минатата година достигна речиси еден процент од светската популација, посочи Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР) […]

Уапсени поранешниот јапонски министер за правда и неговата сопруга – купувале гласови


Поранешниот јапонски министер за правда Катсуки Каваи и неговата сопруга, пратеничката Ани Каваи, се уапсени денеска под сомнение дека купувале изборни гласови. Тие се осомничени дека за време на изборите за Голниот дом на јапонскиот Парламент во 2019 година на гласачите им понудиле милиони јени за да гласаат за Ана Каваи, која потоа и го […]

Пекинг: Построгите мерки и понатаму на сила, 21 новозаразен


  Во главниот град на Кина, Пекинг, денеска е пријавен пад на новозаболени со корона вирус, односно 21 нов случај, за разлика од вчера кога имаше 31. Градот протолжува да ги применува построгите мерки за сузбивање на епидемијата. Кинеските надлежни пријавија 28 нови случаи во целата земја за последните 24 часа. Меѓу случаите надвор од […]

Олаф Шолц можен кандидат за канцелар на Германија


Берлин, 18 јуни 2020 (МИА) – Германскиот министер за финансии и вицеканцелар Олаф Шолц има добри шанси да стане кандидат на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) за канцелар на изборите следната година. – Многу социјалдемократи сметаат дека во неизвесни времиња е предност да се појде во изборна трка со лице на кое граѓаните го знаат […]

Болтон: Трамп им нудеше услуги на диктаторите и побара помош од Си Џипинг за да победи на изборите


Поранешниот советник за национална безбедност во Белата куќа, Џон Болтон во серијата обвиненија за својот поранешен шеф, претседателот Доналд Трамп, напишани во неговите мемоари што деновиве треба да се објават, кажува дека Трамп на ланската средба зад затворени врати со кинескиот претседател Си Џинпинг го замоли да му помогне да победи на изборите. Болтон, кој […]

Полицаецот кој го уби Рајшард Брукс се соочува со смртна казна


Јавен обвинител од Џорџија синоќа поднесе обвинение за убиство против отпуштениот полициски службеник кој го уби Афроамериканецот Рајшард Брукс.  Смртта на 27-годишниот Брукс е уште еден удар врз девалвираната доверба кон полициската служба во САД за која многумина сметаат дека негува расистички предрасуди и употребува брутални акции против црномурестото население во земјата. Инцидентот се случи […]

Во Пекинг е појавен нов увезен вид на коронавирусот


КИна– Видот на вирусот што сега се појави во Пекинг всушност е главниот вид на вирусот што е доминантен во европските земји, јави радиот „Кри онлајн“. Главниот епидемиолог на кинескиот Центар за контрола и превенција на болести, Ву Кунџу, тврди дека „вирусот очигледно пристигнал во Кина и Пекинг од странство“. Во интервју за ЦГТВ, кинескиот […]

Советот за безбедност ги избра новите привремени членки


САД – Нови привремени членки на Советот за безбедност на ОН од ноќеска се Индија, Мексико, Ирска и Норвешка, соопшти на својот Твитер налог светската организација. Новоизбраните членки ќе бидат дел од Советот за безбедност во следните две години. Вториот круг на гласање за петтиот привремен член на УНСЦ ќе се одржи утре, е соопштено на […]

Фаучи: Првиот бран од коронавирусот се уште трае во САД


САД – Водечкиот американски експерт за заразни болести Ентони Фаучи предупреди дека САД продолжуваат да се соочуваат со првиот бран на коронавирусот, истакнувајќи дека е загрижен за појавата на нови епидемии во земјата. По неколкуте месеци тешка борба со заразата Фаучи кажа дека нема да присуствува на првиот закажан политички митинг на претседателот Доналд Трамп, во […]

Борисов сниман тајно во спална соба


Бугарскиот премиер Бојко Борисов ги обвини своите политички противници дека го напаѓаат со компромитирачки материјали со цел да го спречат да спроведе два важни геостратешки проекта во јули: влез на земјата во банкарската унија и во еврозоната. Тој реагираше откако во бугарските медиуми се појавија фотографии од неговата спална соба, на кои се гледа како […]

„Дексаметазон“ можеби е дел од загатката на Ковид-19, но тој не е магичниот лек


Овој лек е ефикасен само кај оние паценти кои веќе се во критична фаза. Лекот што ќе ја смени играта треба да го запре преминувањето на умерените симптоми во тешка состојба кај луѓето   По огромниот наплив на оптимистички вести дека евтиниот лек „дексаметазон“ можеби е дел од решението за лекување на болните од корона […]

Доналд Туск го пофали Вучиќ за сѐ што направил во Србија, опозицијата гневна


„Почитуван претседателе, имате целосно право да бидете горди и задоволни од она што сте го направиле за Србија за време на вашиот мандат. Со среќа во недела“, напиша Туск на Твитер по разговорот со Вучиќ   Претседателот на Европската народна партија (ЕПП), Доналд Туск, испрати на Твитер поддршка и пофалби за српскиот претседател Александар Вучиќ […]

СЗО гледа надеж во борбата против пандемијата


Светска здравствена организација денеска оцени дека полека се појавуваат знаци на надеж во борбата против пандемијата со Ковид-19, но предупреди дека државите ќе мора да продолжат да работат на превентивните мерки со цел да се ограничи ширењето на новиот коронавирус. Директорот на СЗО, Тедрос Адханом Гебреисус на онлајн брифингот истакна дека постојат знаци на надеж […]

Индиски и кинески војници се бореле со голи раце и камења на стрмен гребен, десетици загинати


Индија е шокирана од судирот на границата на Хималаите каде војници се тепале во целосна темница   Борба раце со раце траеше со часови, на стрмен, нејасен терен, со железни шипки, камења и тупаници. Ниту една страна не носеше пиштоли. Повеќето од војниците убиени во најлошите борби меѓу Индија и Кина за 60 години ја […]

Анкета: Бајден го зголеми водството против Трамп до 13 отсто


САД– Поранешниот потпретседател Џо Бајден води со 13 процентни поени пред актуелниот претседател Доналд Трамп во најновата анкета на агенцијата Ројтерс и консултаните од „Ипсос“. Според анкетата, 48 отсто од испитаниците изјавиле дека ќе гласаат за Бајден, веројатен кандидат за претседател на Демократската партија на изборите закажани во ноември, додека 35 проценти укажале дека ќа гласаат […]

Излегле на пијалок да прослават роденден, сите се заразиле


Група од 16 пријатели, кои биле излезени една вечер во бар на Флорида, позитивни се на тестот за корона вирус, пренесе Си-ен-ен. Сега, групата заразени пријатели ја предупредуваат американската јавност да внимава и велат дека пандемијата не е уште готова. Барот, што бил отворен по ублажувањето на рестриктивните мерки, бил преполн, а никој не носел […]

Шпанците повеќе сакаат здравје, отколку летен одмор


Шпанија– Според анкетата на шпанскиот Центар за социолошки истражувања 65,7 проценти од Шпанците нема да одат на одмор ова лето, поради здравствената и економската криза предизвикана од новиот коронавирус. Резултатите од анкетата покажуваат дека 40,8 отсто од Шпанците се загрижени за здравствената состојба поради Ковид-19, а 34 проценти од нив од финансиската криза како резултат […]