Скандал во Брисел: Полицајци нападнаа членка на Европскиот парламент


Членка на Европскиот парламент, припадничка на германската партија на зелените Пјерeт Херцбергер Фофана, во центарот на Брисел ја нападнале полицајци.
Информацијата ја пренесе дневникот весник „Република“, а веста е ударна во сите европски медиуми и се шири вирално по социјалните мрежи.
Пјерте Херцбергер Фофана е по потекло од Мали, а вчера во центарот на Брисел видела девет белгиски полицајци кои малтретирале две момчиња од африканско потекло.
Се обидела настанот да го забележи со својот телефон, по што полицајците ја нападнале, ја притиснале на ѕид и ја зеле ташната и телефонот, и ја претресле. Таа вели дека со неа се однесувале на понижувачки начини.
Полицајците не ѝ верувале дека е членка на ЕУ Парламентот иако околу вратот имала беџ од парламентот, и два пасоша – германски и оној од Мали.
Настанот бил толку трауматичен, што таа останала цела ноќ во парламентот и дури во 6 часот утрото собрала храброст да излезе на улица.
„За мене тоа беше акт дискриминаторски и расистички мотивиран“, вели Пјерет Херцбергер Фофана, која своето обраќање го заврши во солзи.