Пекинг: Построгите мерки и понатаму на сила, 21 новозаразен


 

Во главниот град на Кина, Пекинг, денеска е пријавен пад на новозаболени со корона вирус, односно 21 нов случај, за разлика од вчера кога имаше 31.

Градот протолжува да ги применува построгите мерки за сузбивање на епидемијата.

Кинеските надлежни пријавија 28 нови случаи во целата земја за последните 24 часа.

Меѓу случаите надвор од Пекинг, четири се патници кои дошле од надвор, а три се пријавени во градот Тианџан и провинцијата Хебеј, кои граничат со Пекинг.

Нема нови смртни случаи, па вкупниот број починати е 4.634.

Пекинг оваа недела ги затвори училиптата и го ограничи туризмот и патувањата во градот и од него, за да го сопре понатамошното ширење на најновиот кластер на зараза поврзан со пазар.

Портпаролот на градската валада Ху Хеџијан рече дека денеска во Пекинг забележани се вкупно 158 случаи на зараза откако е забележано ново жариште во големиот пазар.

Тој рече дека се тестираат блиските контакти за да се лоцираат сите можни случаи со зголемено тестирање и други мерки на превенција и контрола.

Секој кој бил во близина на пазарот Синфад од 30 мај, како и нивните блиски контакти ќе бидат во карантин 14 дена и тестирани најмалку два пати, рече градскиот службеник Џанг Ге.

Пекинг забрани влез на сите на кои им е потврдена заразата или за кои постои сомнеж дека се заразени, пациенти со температура и блиски контакти од странство и други провинции, рече Џанг.

Забрани и влез за повеќето странци и странски дипломати кои пристигнуваат од странство па мораат во двонеделен карантин.

Затворени се места за јавно собирање на затворено. Канцеларии, ресторани и хотели во близина на областа од висок ризик, исто така, ќе бидат затворени.