Излегле на пијалок да прослават роденден, сите се заразиле


Група од 16 пријатели, кои биле излезени една вечер во бар на Флорида, позитивни се на тестот за корона вирус, пренесе Си-ен-ен.
Сега, групата заразени пријатели ја предупредуваат американската јавност да внимава и велат дека пандемијата не е уште готова.
Барот, што бил отворен по ублажувањето на рестриктивните мерки, бил преполн, а никој не носел маска, додаваат тие.
Сите во групата се позитивни на Ковид-19, но никој тешко не се разболел, само некои имале симптоми налик на грип.