Парламентот одобри Египет да интервенира во Либија


Египетскиот парламент во понеделникот го одобри распоредувањето на вооружените сили во странство за борба против „криминалните милиции“ и „странските терористички групи“ на „западниот фронт“, откако претседателот Абдел-Фатах ал-Сиси рече дека Каиро може да интервенира во Либија. Парламентот соопшти рече дека војниците ќе ја бранат националната безбедност, без да дава дополнителни детали или директно да ја […]

Напаѓач маскиран како доставувач убил син на американска федерална судијка


Напаѓач маскиран како доставувач на Федекс, пукал и го убил 20-годишниот син на американската федерална судијка Естер Салас. Синот вчера ја отвори вратата за наводниот доставувач од нивниот семеен дом во Њу Џерси, а во нападот е ранет и сопругот на судијката. Инцидентот се случил во северен Бранзвик, каде што се наоѓа куќата на Салас, […]

Бахамите ги затворија границите за американските туристи


Бахами – Бахамите ќе го забранат пристигнувањето на американски посетители по неодамнешното зголемување на бројот на случаи со Ковид-19 во САД, соопштија надлежните власти во оваа земја. Би-Би-Си јави дека карипската нација на почетокот на јули повторно почна да  ги подотвора своите граници. Премиерот Хуберт Минис вчера изјави дека, за жал, состојбата повторно им се […]

Казната за неносење заштитна маска во Франција изнесува 135 евра


Од денеска во Франција е задолжително носењето на заштитна маска во сите затворени јавни места, а во случај на непочитување на одредбата казната изнесува 135 евра, јави дописникот на МИА. Само четири месеци откако властите соопштија дека заштитната маска „не е корисна“ за да се стави под контрола епидемијата со Ковид-19, од денеска носењето маска […]

Вакцината за корона вирусот од Оксфорд се покажа сигурна


  Вакцината против корона вирусот која ја разви Универзитетот во Оксфорд се покажа сигурна, јави Би-би-си. Испитувањата во кои учествуваа 1.077 лица покажаа дека на испитаниците вакцината им помогнала во производството на антитела, а белите крвни зрнца биле во можност да се борат против корона вирусот. Откритијата се многу ветувачки, но прерано е да се […]

Грчката претседателка и папата телефински разговарале за Света Софија


Одлуката на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган истанбулската црква-музеј Света Софија да ја претвори во џамија била главната тема на телефонскиот разговор меѓу грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и папата Франциск. Како што соопштуваат од кабинетот на Сакеларопулу, во разговорот, грчката претседателка истакнала дека не станува збор за внатрешно турско,  туку пошироко прашање, „категорично осудено од […]

Полска ќе воведе ограничувања за странските медиуми


Полска ќе се обиде да изработи правила за ограничување на концентрацијата на медиуми од странски сопственици пред владејачките националисти да го завршат својот мандат, рече де факто полскиот лидер де факто во неделата (19 јули). Владејачката партија во Полска, Право и правда (ПиС), одамна вели дека странските медиуми се мешаат во работите на Полска и […]

Населението во Албанија може да се преполови до 2100 година


Населението во Албанија се очекува да се намали на 1,32 милиони жители во 2100 година, што претставува намалување за 52 отсто во однос на 2017 година, што се заснова на целите за одржлив развој. Податоците се објавени во студијата на меѓународното научно списание „Ланцет“(The Lancet), кое изготви сценарија за наталитет, смртност, миграција и население за […]

Пукање во Вашингтон: Едно лице загина, осум повредени


  Едно лице загина, а осум се повредени во пукање во Вашингтон што се случи во саботата вечерта. Сите жртви се возрасни, а една е жена. Еден починал, додека двајца од повредените се во критична состојба, додека другите поминале со рани што не се опасни по живот. До пукањето дошло откако тројца осомничени озлегле од […]

Орбан: Марк Руте ме мрази и бара почитување на владеење на правото


Орбан го нападна премиерот на Холандија затоа што барал владеењето на правото да биде клучно при распределбата на парите од фондот за обнова на ЕУ   Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, во неделата им рече на новинарите дека е потребно повеќе време за да се преговара за начинот за поврзување на финансирањето на ЕУ со […]

Британка се лекува од коронавирусот 130 дена


Англија– Државјанка на Велика Британија се бори со коронавирусот 130 дена, објави „Дејли Меил“. Британката Фатима Бридал го поминала целото време во болница, бидејќи била на механичка вентилација 105 дена. Бридал се заразила додека била на патување во Мароко. На почетокот на март, 35-годишната жена се вратила во Велика Британија со првите симптоми. Неколку дена подоцна се тестирала, резултатите […]

Две лица загинаа при уривање на холандски воен хеликоптер


Холандија – Две лица загинаа при уривање на холандски воен хеликоптер во Карипско Море, во близина на Аруба, соопшти денеска холандското Министерство за одбрана. Хеликоптер NH90 се урна при крајот на редовното патролирање, а Министерството соопшти дека се истражува причината за падот на леталото. Загинале пилотот и тактичкиот координатор, а другите двајца членови на екипажот преживеале […]

Рекорден број заразени од Ковид-19 во Флорида и Тексас


САД- Американската држава Флорида вчера пријави 12.000 нови случаи на коронавирус, петти ден по ред како бројот на регистрирани нови заразени надминува 10.000. Досега во Соединетите Американски Држави како последица на Ковид-19 починаа повеќе од 140.000 луѓе пренесува „Гласот на Америка“. Државите Флорида и Тексас, како и другите јужни или западни држави, секојдневно рушат рекорди во […]

Во светот годишно се фрлаат 4,5 илјади милијарди догорчиња


  Догорчињата од цигарите се еден од најголемите извори на отпад во светот. Секоја година се фрлаат околу 4,5 илјади милијарди догорчиња, објавија од Светскиот економски форум повикувајќи се на податоците од универзитетот Англиа Рускин. Повеќето догорчиња не се направени од материјал кој е биоразградлив. Затоа стручњаците сметаат дека таквите материјали треба да бидат забранети. […]

Италија оздравува: Ломбардија по долго време не пријави жртви на Ковид-19


  Во Италија починаа три лица позитивни на Ковид-19 во последните 24 часа, што е најмал дневен биланс на жртви од вирусот од почетокот на кризата кон крајот на февруари. Италијанските медиуми јавуваат дека во Ломбардија нема починати од Ковид-19, а тој регион беше најзагрозен долго време. Сепак потсетуваат дека слична ситуација имало и на […]

Единаесетти ден антивладини протести во Бугарија


Во Софија и попладнево – единаесетти ден по ред – се одржуваат   антивладини протести чија цел е оставка на Владата на Бојко Борисов и оставка на главниот овбинител Иван Гешев. Од утре е најавено дека протестите ќе се одвиваат на поинаков начин – како национален штрајк уште од утрото, со цел да се блокира Парламентот, […]

140.000 починати во САД од коронавирусот


Според последните податоци, во светот досега се регистрирани 14.529.602 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 606.751, а оздравеле 8.670.293 луѓе. -Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 24 нови случаи на Ковид-19, од кои 16 ниту еден на влезните точки во земјата. Од почетокот на епидемијата заразени се 4.007 лица. – Министерството […]

Во округ во Тексас заразени 85 бебиња под една година со Ковид-19


Осумдесет и пет бебиња на возраст под една година се тестирани позитивно за новиот корона вирус во ист округ во Тексас, јави Си-Би-Ес. Локалните власти ги повикуваат жителите да помогнат во спречување на ширењето на заразата во момент кога државата станува едно од најновите жаришта. Во округот Њуејсис , каде се наоѓа Корпус Кристи, бројот […]

(Видео) Најмалку 12 застрелани во Илиноис, двајца во критична состојба


Најмалку 12 лица се повредени денеска во пукање во градот Пеорија во американската држава Илиноис, соопштија официјалните лица. Полицијата соопшти дека пукањето се случило утрото, како и дека во моментот на местото на инцидентот биле собрани околу 200 луѓе. Според портпаролката на полицијата, Ејми Дотсон, биле застрелани 12 лица, од кои две се во критична […]

(Видео) Погледнете ги двете силни ерупции на вулканот Стромболи во Италија


  Две силни ерупции на вулканот Стромболи во Италија утрово разбудија многу жители на истоимениот италијански остров. Како што пишува ителијански Кориере дела Сера, повикувајќи се на Националниот институт за геофизика и вулканологија, вулканскиот кратер исфрлил вжарени карпи околу подрачјето, а нема информации за повредени. „Околу 5 часот наутро нѐ разбудија две силни експлозии кои […]