Во светот годишно се фрлаат 4,5 илјади милијарди догорчиња

 

Догорчињата од цигарите се еден од најголемите извори на отпад во светот. Секоја година се фрлаат околу 4,5 илјади милијарди догорчиња, објавија од Светскиот економски форум повикувајќи се на податоците од универзитетот Англиа Рускин.

Повеќето догорчиња не се направени од материјал кој е биоразградлив. Затоа стручњаците сметаат дека таквите материјали треба да бидат забранети.

Тестовите покажаа дека филтрите од цигарите не го спречуваат протокот на отровни материи до организамот на човекот. Штетни се за екосистемот, а посебно за раст на билките.

Цигарите не се третирани со последните измени на законодавството на Европската Унија со кои се налага намалување на употребата на пластика до 2021 година.

Секоја година во океаните се фрлаат 13 милиони тони пластика. Овој глобален проблем постојано се зголемува.