Пукање во Вашингтон: Едно лице загина, осум повредени


 

Едно лице загина, а осум се повредени во пукање во Вашингтон што се случи во саботата вечерта.

Сите жртви се возрасни, а една е жена. Еден починал, додека двајца од повредените се во критична состојба, додека другите поминале со рани што не се опасни по живот.

До пукањето дошло откако тројца осомничени озлегле од воизло и пукале кон група луше, изјави шефот на полицијата Питер Њушам.

Полицијата на Вашингтон смета дека пукањето било планирано, а дека мета бил еден од групата. Двајца од напаѓачите пукале со пушки, додека еден со пиштол. Носеле дуксери со качулки.

Интензивно се трага по нив.

Овој инцидент е само еден од растечкиот број вооружени судири ширум САД, ова лето. Шефот на полицијата смета дека ваквите пукотници се закана за заедницата, особено што луѓето се чувствуваат слободни да пукаат на така прометна улица.