(Видео) Најмалку 12 застрелани во Илиноис, двајца во критична состојба

Најмалку 12 лица се повредени денеска во пукање во градот Пеорија во американската држава Илиноис, соопштија официјалните лица.

Полицијата соопшти дека пукањето се случило утрото, како и дека во моментот на местото на инцидентот биле собрани околу 200 луѓе.

Според портпаролката на полицијата, Ејми Дотсон, биле застрелани 12 лица, од кои две се во критична состојба. Полицијата не дала информации за осомничениот во нападот, а истрагата е во тек.