САД: Почина Рут Гинсбург, судијка на Врховниот суд и икона на американските либерали


Судијката во американскиот Врховен суд, Рут Бадер Гинсбург почина синоќа на 87-годишна возраст. Со тоа американскиот претседател Доналд Трамп ќе може да именува трет судија Врховниот суд пред претседателските избори. Гинсбург, голем борец за правата на жените и икона на американските либерали, почина од рак на панкреасот во нејзиниот дом во Вашингтон. Нејзиното заминување може […]

ОБСЕ испраќа само 30 набљудувачи на изборите во САД


Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) соопшти дека драстично го намалила бројот на набљудувачи кои ќе ги следат претседателските избори во САД поради пандемијата со новиот коронавирус. ОБСЕ на изборите во САД што ќе се одржат ќе испрати само 30 набљудувачи. Портпаролката на ОБСЕ, Катја Андруш истакна дека првично било планирано во САД […]

Францускиот министер за финансии позитивен на Ковид-19


Министерот за финансии на Франција, Бруно ле Мер изјави дека е позитивен на новиот коронавирус. Тој на Твитер наpиша дека немал симптоми и порача дека ќе продолжи со работа од дома. Мер истакна дека ќе биде во изолација седум дена. – Веднаш почнав да ги следам здравствените мерки што ги донесе Владата и се изолирав […]

Европската агенција за лекови го одобри дексаметазонот за лекување на корона вирусот


Европската агенција за лекови ја одобри употребата на дексаметазон за третман на пациенти заболени со Kовид-19 кои имаат проблеми со дишењето, отворајќи го патот овој стероид да стане втор одобрен лек за третман на Kовид-19 во Европа по ремдесивирот. ЕМА денеска објави дека лекот може да биде опција за лекување на возрасни и адолесценти на […]

Во Италија денеска најголем број новозаразени од мај – 1.907


  Италија регистрира 1.907 нови случаи со корона вирус во последните 24 часа, најголемо дневно зголемување од почетокот на мај, соопшти денеска Министерството за здравство. Уште десет лица починале од ефектите на вирусот. Последен пат слично зголемување на дневниот број на инфекции е забележано на 1 мај, кога имаше 1.965 нови случаи. Од почетокот на […]

Франција во тревога – бројот на дневни инфекции стигна до 13.000


Франција објави невидени 13.215 нови потврдени случаи на Ковид-19 во последните 24 часа. Министерството за здравство исто така соопшти дека вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 се зголемил за 154 на 31.249. Тоа е највисокиот број починати во еден ден во последните три месеци. Бидејќи стапката на инфекција се зголемува секојдневно, најпогодените региони и […]

И Амал Клуни му сврте грб на Џонсон


Амал Клуни, истакната адвокатка за човекови права, поднесе оставка од функцијата специјална претставничка на Велика Британија за слобода на медиумите во знак на протест против намерата на Владата да го прекрши меѓународното право со донесување закон за внатрешен пазар. „Во жестоката осуда на заканата на британскиот премиер Борис Џонсон дека ќе ги прекрши британските меѓународни […]

Трамп сакал да го помилува Асанж во замена за информација за хакираните сервери на Демократската партија


Претседателот на САД, Доналд Трамп, се согласил да го помилува основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, ако тој открие кој стои зад упадот во серверите на Демократската партија во 2016 година. Ова денеска го соопштија некои американски медиуми, повикувајќи се на адвокатот Џенифер Робинсон, пренесе дописникот на МИА од Вашингтон. Според заштитата на Асанж, кој во суд […]

Холандија повторно има рекорден број новозаразени


Во изминатите 24 часа во Холандија се регистрирани 1.972 нови случаи на коронавирусот, објавија денеска здравствените власти. Ова е четврти ден по ред со рекорден број на нови случаи. Податоците за бројот на случаи ги доставуваат локалните здравствени власти низ Холандија, и секојдневно ги објавува Националниот институт за здравство. Владата на премиерот Марк Руте се очекува подоцна да објави регионални мерки, како забрана […]

Путин: На руското оружје му нема рамно во светот


Руското оружје е пред странските модели и според некои карактеристики е единствено, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин. Тој го пофали успехот на руските производители на оружје на седницата на комисијата за воена индустрија. – Според некои карактеристики, на нашето оружје му нема рамно во светот, тоа е апсолутно очигледно, истакна Путин. Путин на сите […]

Белорусија може да спушти „друга железна завеса“ низ Европа


Истражител на ОН предупредува на „катастрофална“ ситуација со повеќе од 10.000 демонстранти „насилно уапсени“   Истражител на Обединетите нации предупреди на опасноста од „друга железна завеса“ да падне низ цела Европа за време на лошо настроената дебата во Женева за наводни повреди на човековите права во Белорусија. „Да не дозволиме да се спушти друга железна […]

Зголемен бројот на смртни случаи од КОВИД-19 во Франција, првпат од укинување на изолацијата


За прв пат од укинувањето на мерките за изолација, забележавме зголемување на смртните случаи поради Ковид-19, со двојно зголемување на 265 смртни случаи, по 129 од претходната недела, подвлекува здравствената агенција во последното соопштение, јави дописникот на МИА. – Ова се смртни случаи што се забележуваат и во болници и во институции за стари лица, појасни Софи Вокс, епидемиолог […]

Еврејски аџии заглавени на границата меѓу Белорусија и Украина


Аџиите тргнаа да го посетат гробот на рабинот Нахман, правнук на основачот на хасидското движење, кој умре во украинскиот град Уман во 1810 година   Две илјади ултраортодоксни Евреи се блокирани од вооружените стражари да влезат во Украина на годишен аџилак до гробот на еден рабин, создавајќи импровизиран камп на границата на земјата со Белорусија. […]

Побарувачката за средства за дезинфекција претставува закана за присилен и детски труд


Зголемената побарувачка за средства за дезинфекција во борбата против коронавирусот може да ја зголеми употребата на присилен и детски труд на плантажите со шеќерна трска, предупредуваат британски истражувачи. Од шеќерната трска се добива етанол кој се користи во гелови врз база на алкохол, а во седум водечки светски производители на шеќерна трска, вклучувајќи ги Бразил, […]

ФБИ: „Антифа“ е идеологија, а не организација


„Антифа“ е идеологија, а не организација, изјави директорот на Федералното биро за истраги на САД (ФБИ), Крис Реј, во сведочењето пред комитетот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, изнесувајќи став спротивен на американскиот претседател Доналд Трамп кој најави дека „Антифа“ ќе биде официјално окарактеризирана како терористичка група. Сведочејќи пред Комитетот за домашна безбедност, основан по терористичките напади […]

Донеодамнешна соработничка на Пенс го поддржа Бајден


  Поранешна помошничка во Белата куќа, која помогна да се координира одговорот на администрацијата на Трамп на пандемијата на корона вирусот, остро го критикуваше претседателот Доналд Трамп на видеото објавено во четвртокот и рече дека планира да гласа за демократот Џо Бајден. Оливија Троје, која беше помошник на потпретседателот Мајк Пенс, работеше како врвен организатор […]

СЗО: Бројот на заразени во Европа над пикот од март


Новите неделни случаи на новиот корона вирус во Европа го надминаа бројот на заразени од пикот во март, соопшти Светската здравствена организација. Регионалниот директор на СЗО, Ханс Клуге нагласи дека само минатата недела се регистрирани над 300.000 нови инфекции на стариот континент. – Пред нас е многу сериозна ситуација, рече тој. Некои европски земји, вклучувајќи […]

Светска програма за храна апелира милијардерите да донираат за гладните


Директорот на Светска програма за храна Дејвид Бизли ги повика најбогатите луѓе во светот да донираат пари за да спасат околу 30 милиони луѓе, кои би можеле да умрат од глад доколку не добијат помош. – Околу 270 милиони луѓе се на раб на гладот и Светска програма за храна се надева дека годинава ќе […]

Американски избори: Двајца кандидати – две радикално различни кампањи


Доналд Трамп и Џо Бајден, двајца кандидати за претседател на САД, на помалку од два месеци пред претседателските избори, често ги посетуваат истите места, понекогаш и во ист ден, но имаат радикално поинаков пристап кон американските гласачи. Демократот и републиканецот се на турнеја во клучните сојузни држави каде резултатот може да го одреди крајниот победник, […]

Москва погодена од ураган (видео)


Москва вчера беше погодена од ураган пропратен со град, грмотевици и силен ветер, поради што во следните два дена прогласено е жолто ниво на опасност. Обилниот дожд поплави голем број улици во главниот град на Русија. Метеоролозите од денеска очекуват пад на температурата на воздухот во текот на ноќта до минус еден степен Целсиусов. https://youtu.be/JbqcNIdGTrI […]