Донеодамнешна соработничка на Пенс го поддржа Бајден

Оливија Троје, која беше помошник на потпретседателот Мајк Пенс, работеше како врвен организатор на работната група на Белата куќа за корона вирусот што ја води Пенс

 

Поранешна помошничка во Белата куќа, која помогна да се координира одговорот на администрацијата на Трамп на пандемијата на корона вирусот, остро го критикуваше претседателот Доналд Трамп на видеото објавено во четвртокот и рече дека планира да гласа за демократот Џо Бајден.

Оливија Троје, која беше помошник на потпретседателот Мајк Пенс, работеше како врвен организатор на работната група на Белата куќа за корона вирусот што ја води Пенс.

Републиканка цел живот, Троје, кој ја напушти Белата куќа во јули, во видеото објавено од групата „Републикански гласачи против Трамп“ рече дека администрацијата знаела околу средината на февруари дека Ковид-19 ќе стане голема пандемија во САД.

„Но, претседателот не сакаше да го слушне тоа, бидејќи неговата најголема грижа беше што сме во изборна година и како ова ќе влијае на она што тој сметаше дека е негово досие на успех“, рече таа.

Троје рече дека било шокантно да се види Трамп, кој го минимизираше вирусот во раните фази, повикувајќи се на измама и велејќи дека сè ќе биде во ред.

„Вистината е дека тој всушност не се грижи за никој друг освен за себе“, рече таа во видеото. „Ако претседателот сериозно го сфатеше овој вирус… тој ќе го забавеше ширењето на вирусот, ќе спасеше животи“.

Трамп им изјави на новинарите дека никогаш не се сретнал со Троје. Тој рече дека таа си заминала, но напиша „убаво писмо“ со кое ја пофали администрацијата на излегувањето.
Во тоа писмо, објавено од Белата куќа, Троје рече дека била „апсолутна чест“ да се работи на работната група за корона вирусот, но не понуди пофалби за Трамп и Пенс.
Портпаролот на Белата куќа Џад Дир изјави дека Троје не била директно вклучена во работната група за корона вирусот и дека не се сретната приватно со Трамп. Тој ги нарече нејзините изјави „неточни“. (Ројтерс)