Тајмс: Тереза Меј утре ќе поднесе оставка


Англија – Британската премиерка Тереза Меј утре ќе поднесе оставка поради тоа што не е прифатена нејзината позиција за тоа како да се реализира напуштањето на Европската унија, објави весникот Тајмс, цитирајќи извори од владата. Според весникот, таа може да поднесе оставка по состанок закажан за в петок со Греам Брејди, претседател на „Комитетот од 1922“, …

Тајмс: Тереза Меј утре ќе поднесе оставка Read More »

Почнуваат европските избори, гласање до недела


Белгија – Околу 400 милиони Европејци од 28 земји-членки на ЕУ од денеска до недела ќе ги избираат своите претставници во Европскиот парламент со мандат во следните пет години. Први што гласаат денеска се холандските и британските, додека во повеќето земји-членки европските избори ќе се одржат в недела, на 26 мај. Резултатите што ќе го одредат …

Почнуваат европските избори, гласање до недела Read More »

Британската министерка Лидсом поднесе оставка поради Брегзит


Англија – Една од водечките приврзаници на Брегзит, британската министерка за односи со британскиот Парламент, Андреа Лидсом, поднесе оставка, наведувајќи дека не може да ја поддржува владата. Оставката е поднесена по последниот неуспешен предлог на премиерката Тереза Меј за напуштање на Велика Британија на Европската унија. – Повеќе не верувам дека нашата позиција ќе доведе до …

Британската министерка Лидсом поднесе оставка поради Брегзит Read More »

Церар, Мас и Силва разговараа за перспективите на Западен Балкан


Министрите за надворешни работи на Германија, Португалија и Словенија, земјите што ќе претседаваат со Советот на ЕУ од 2020 до 2021 година, се сретнаа денеска во Берлин, а една од темите за кои се дискутираше беше Западен Балкан и проширувањето на ЕУ. Домаќин на средбата беше шефот на германската дипломатија Хајко Мас, а тој и …

Церар, Мас и Силва разговараа за перспективите на Западен Балкан Read More »

Трамп ги обвини демократите дека ги „растураат“ САД


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги обвини демократите во Конгресот дека ги „растураат“ САД со спроведувањето истраги кои произлегуваат од процесот за наводното мешање на Русија во американските претседателски избори во 2016 година. – Не можете истовремено да спроведувате истраги и да учествувате во носењето закони, им се обрати Трамп преку Твитер на пратениците од …

Трамп ги обвини демократите дека ги „растураат“ САД Read More »

Најмалку четворица мртви во невремето во САД


Најмалку четири лица ги загубија своите животи во невремето што во изминатите два дена ги погоди централните делови на САД, вклучувајќи ги Ајова, Канзас, Мисури и Оклахома, соопшти денеска гувернерот на Оклахома Кевин Стит. Локалните власти им советуваа на жителите на гратчето Веберс Фолс во Оклахома да ги напуштат своите домови, бидејќи водостојот на реката …

Најмалку четворица мртви во невремето во САД Read More »

Швајцарија: Предложени нови мерки против екстремизмот


Владата на Швајцарија денеска предложи ново законодавство со цел да се спречи екстремистичко насилство, а овие нови мерки се дел од националниот план  усвоен во 2017 година. Иако Швајцарија досега беше поштедена од смртоносни исламски екстремистички напади, кои ги погодија Германија, Франција и Белгија во последните години, внимателна е и следи стотици осомничени за екстремистички …

Швајцарија: Предложени нови мерки против екстремизмот Read More »

Русија купува злато, а тоа е лош знак за светскиот мир


Во првиот квартал од 2019 година, купувањето злато од Русија достигна рекордно ниво, и тоа е „лош знак” за светскиот мир. Тоа го објави британскиот весник „Дејли експрес“, цитирајќи го шефот на меѓународната брокерска компанија „БулионВоулт“, Адријан Еш. Весникот наведува дека во првиот квартал од 2019 година Русија ги зголемила резервите на злато за 145,5 …

Русија купува злато, а тоа е лош знак за светскиот мир Read More »

Ќе остане ли Тереза Меј на премиеркста функција после понеделник?


Тереза Меј веројатно ќе биде отстранета од премиеркста  од функцијата по изборите за Европскиот парламент, тврди член од нејзиниот кабинет,  разочаран што повторно ќе го стави на гласање истиот договор за Брегзит. Таквите информации објавија „Гардијан“, „Меил он сандеј“, „Дејли меил“ и други. И Би би си се повикува на свои извори кои тврдат дека …

Ќе остане ли Тереза Меј на премиеркста функција после понеделник? Read More »

Јапонија бара нивните имиња да се читаат- прво презимето па името


Јапонската Влада сака светот да почне да ги користи јапонските имиња како што се употребуваат во Јапонија – да се изговори презимето, а потоа и името. Така, името на јапонскиот премиер ќе биде изговорено Абе Шинѕо, како што се изговара во Јапонија и би се прекинала практиката усвоена пред повеќе од еден век, наметната од …

Јапонија бара нивните имиња да се читаат- прво презимето па името Read More »

Јутјуб ќе го сокрие целиот број на потписници на каналите


Јутјуб од август ќе ги смени бројчаниците кои укажуваат на бројот на потписници на каналите и наместо точниот ќе дава приближен број, соопштува блогот на видео сервисот. На пример, ако некој канал има 4227 потписници, бројчаникот ќе покажува „4.2 илјади“. Ако каналот има 51 389 231 потписници, бројчаникот ќе покажува „51 милион“, се додека бројот …

Јутјуб ќе го сокрие целиот број на потписници на каналите Read More »

Кинески компании бараат Боинг да плати надоместок за приземјувањето на 737 Макс


Кина бара американската авиокомпанија Боинг да плати надомест поради приземјувањето на авионите 737 Макс. Две од трите водечки кинески државни авиокомпании, Ер Чајна и Чајна Садерн ерлајнс, соопштија дека сакаат да добијат компензации поради приземјените нивни авиони од типот Боинг 737Макс. Третата авиокомпанија, Чајна истерн ерлајнс, објави слично барање минатиот месец. Кина беше меѓу првите …

Кинески компании бараат Боинг да плати надоместок за приземјувањето на 737 Макс Read More »

Австрија доби преодна експертска Влада


Новите министри во преодната Влада на Австрија денеска дадоа заклетва, а  на местата, кои останаа испразнети по повлекувањето на членовите од редовите на Слободарска партија (ФПО), сега се наоѓаат експерти. Во новата, преодна австриска Влада, Министерството за одбрана ќе го води воено лице, заменик-началникот на Генералштабот на војската на Австрија, генерал-потполковник Јохан Луиф, кој, инаку, …

Австрија доби преодна експертска Влада Read More »

Словенечката разузнавачка агенција бара агенти преку рекламата


Словенечката разузнавачка и безбедносна агенција (СОВА) донесе одлука без преседан да ангажира нови агенти на многу јавен начин – преку објавување огласи за работни места во весници и на интернет. На тој начин, Агенцијата се обидува да пополни седум слободни работни места, вклучително и аналитичари, технички и правни лица и две работни места што се …

Словенечката разузнавачка агенција бара агенти преку рекламата Read More »

Качински: Партијата на Ле Пен е поврзана со Москва


Лидер на полската владејачка партија Право и правда, Јарослав Качински нагласи дека политичките групи во некои земји од Европската унија, меѓу кои и онаа на Марин Ле Пен во Франција, се „очигледно поврзани со Москва и добиваат поддршка од неа “. Качински го тврди тоа во интервју за „Газета полска“. Неговата изјава води до анализи …

Качински: Партијата на Ле Пен е поврзана со Москва Read More »

Нови протести на албанските студенти


Албанските студенти денеска на пладне закажа нов протест пред Министерството за образование на Албанија. Студентите одлучија да ги обноват протестите поради неисполнетите ветувања од страна на Владата во врска со нивните барања, по масовните протести што почнаа во декември минатата година и траеја до февруари. Албанскиот премиер Еди Рама им се обрати во живо преку …

Нови протести на албанските студенти Read More »

Индонезија ќе ги блокира социјалните мрежи поради лажни вести


Индонезија делумно ќе блокира социјални мрежи за да спречи ширење на лажни вести после судирите во Џакарта кои избувнаа по објавувањето на официјалните резултати од претседателските избори, најави министерот за безбедност Виранто. – За да се избегнат провокации и ширење лажни вести ќе го ограничиме пристапот до некои платформи на социјалните мрежи, рече Виранто. Во …

Индонезија ќе ги блокира социјалните мрежи поради лажни вести Read More »

Вселенскиот патријарх Вартоломеј во официјална посета на Грција


Вселенскиот патријарх Вартоломеј денеска ќе допатува во дводневна посета на Грција, при што попладнево во Атина ќе се сретне со поглаварот на Грчката православна црква, архиепископот Јеронимос, јави дописничката на МИА. – Посетата означува вртење нова страница помеѓу Вартоломеј и атинскиот архиепископ, Јеронимос, бидејќи нивните односи во изминатиот период беа заладени, пишува „Катимерини“. Патријархот Вартоломеј …

Вселенскиот патријарх Вартоломеј во официјална посета на Грција Read More »

Борисов и Ципрас ќе го означат почетокот на изградбата на интерконекторот за гас меѓу Грција и Бугарија


Премиерите на Бугарија и Грција, Бојко Борисов и Алексис Ципрас денеска во селото Кирково во реонот на јужниот бугарски град Крџали, ќе присуствува на почетокот на изградбата на интерконекторот за природен гас меѓу двете земји (ИГБ). Како што јави дописничката на МИА од Атина, дипломатски извори за грчката новинска агенција АНА-МПА изјавиле дека Грција работи …

Борисов и Ципрас ќе го означат почетокот на изградбата на интерконекторот за гас меѓу Грција и Бугарија Read More »

Немири во Џакарта по изборната победа на индонезискиот претседател Видодо


Во некои делови на Џакарта избувнаа немири откако изборната комисија на Индонезија потврди дека претседателот Џоко Видодо победи на изборите одржани минатиот месец, изјави гувернерот на индонезискиот главен град Ањес Басведан. Приврзаниците на поразениот претседателски кандидат Прабово Субијанто се судрија со  безбедносните сили во главниот град на Индонезија, палејќи возила и фрлајќи камења врз полицијата, …

Немири во Џакарта по изборната победа на индонезискиот претседател Видодо Read More »