Убиен научник што работел на истражување за корона вирусот


 

Засега нема одговор на прашањето зошто е убиен американски научник кој беше дел од тимот за истражување на новиот корона вирус.

Имено, Бинг Лу (37) е убиен со повеќе истрели во својот дом, во саботата. СПоред полицијата, него го убил Хао Гу (46), кој потоа влегол во својот автомобил што се наоѓал на 100 метри од домот на Лу и се самоубил.

Од полицијата тврдат дека немаат докази оти убиството е поврзано со работата на научникот, но не можат со сигурност да тврдат ни дека има врска со неговиот приватен живот.

„Немаме ни еден доказ дека овој трагичен настан има врска со неговата работа на Универзитетот во Питсбург или со која и да е работа таму, како ни со моменталната здравствена криза која ги погоди САД и светот“, велат од полициското одделени кое го истражува убиството за „Питсбург пост газета“.

Претходно убиството на доктор Бинг Лу полицијата рече дека е поради „долготрајни несогласувања со интимниот партнер“, но не ги образложија овие тврдења.

Како што наведува „Вашингтон пост“ повикувајќи се на канал VTAE, Бинг Лу е застрелан неколку пати во својата куќа околу пладне во Тобинзон Тауншип во Пенсилванија. Имено, тој е погоден во главата, трупот и екстремитетите.

Како асистент на истражување, Лу работел на компјутерски модели за проучување на биолошките процеси. Работел од дома за време на пандемијата и го проучувал вирусот, вели неговиот супервизор.

Лу се занимавал со информатички научи, но се усовршувал во биологија, а ги применувал математичките и компјутерските алатки за моделирање на билошките системи. Бил дел од тимот кој развивал различни биолошки системи за разбирање на келиските механизми, како и келиската основа на здравствените компликации на пациентите, пишува „Саут чајна морнинг“

„Д-р Бинг Лу беше извонреден истражувач, кој заслужи почит и уважување на многу колеги на тоа поле и даде единствен придонес во науката“, наведено е во соопштението од Универзитетот во Питсбург. „Ќе се потрудиме да го завршиме она штотој го почна за да оддадеме почит на неговата посебност“.

Лу бил водач на истражувањето на полето на имунолошкиот систем, моделирајќи сложени процеси како реакции на зрачење, терапија со зрачење и имунолошки одговор. Докторирал комјутерски науки на Националниот универзитет во Сингапур. Коавтор е на повеќе од 30 студии и извештаи, а во 2012 година напишал книга за компјутерско моеделирање на билошките патишта.

Лу живеел со сопругата, која не била дома за време на убиството.