Германски научници открија слаба точка на корона вирусот?


Германскиот институт за биохемија, на чие чело е хрватскиот научник Иван Џикиќ, соопшти дека е можно нивните стручњаци во соработка со други тимови да ја откриле слабата точка на корона вирусот.

Во соопштението објавено на веб-страницата на институтот се наведува дека научни тимови идентификувале протеаза (PLpro) на вирусот САРС-КоВ-2 слична на папаинот, која е есенцијален вирален ензим и потанцијална слаба точка која може да биде совршена „ахилова пета“ на новиот корона вирус, пренесе хрватскиот портал Индекс.

PLpro инаку е неопходен за процесирање на вирални попипептиди и составување на вирусот во човечките клетки.

Покрај тоа, САРС-КоВ-2 го користи тој ензим за да го пригуши имунолошкиот антивирален одговор на телото, што му помага на вирусот да го модулира имунолошкиот систем на заразеното лице во своја корист.

На тој начин вирусот може полесно да се мултиплицира и да се шири понатаму, се наведува во соопштението.

Тимот научници покажа дека со фармацевтско таргетирање на PLpro со нековалентниот инхибитор GRL-0617 може да се блокира шрењето на вирусот и може да се зајакне и антивиралниот имунитет во чобековите епителни келии, кои се примарно место за влез на патогенот во човековиот организам.

Резултатите од студијата сега се јавно достапни.

„Нашите резултати отвораат возбудлива можност за терапевтска стратегија оја се потпира на двоен удар, со таргетирање на PLpro: со сопирање наширењето на вирусот и зајакнување на имунолошкиот систем во исто време“, вели Џикиќ, кој е главен автор на овој научен труд.

Џикиќ вели дека за да дојдат до овој резултат го комбинирале биохемиското, структуралното и функционалното знаење на Институтот, и додава дека е благодарен на тимот кој постигнал многу за кратко време.

„Нашата истражувачка соработка со Институтот за медицинска вирологија под водство на Сандра Цисек била критична во покажување како PLpro го сопира вирусот“, вели Џикиќ.

Наведува дека и останатите научници во Франкфурт, Минхен, Мајнц, Фрајбург и Лајден придонеле во ова истражување со експериментални податоци, реагенси и совети.

Дека во оваа насока оделе размислувањата на научниците пред повеќе години покажуваат барем најмалку две студии објавени во 2014 и 2015 година, кога научниците се фокусирале на на САРС-Ков (до тогаш поминати веќе десет години од неговот отгривање) и МЕРС (тогаш понов).

Во едната од нив се предупредува дека корона вирусите може да доведат до пандемија, а дека откривањето на протеазата PLpro може да доведе до развој на вакцина против корона вирусите. Но, тоа до сега не се случи.