Силен земјотрес во Индонезија предизвика паника кај граѓаните


Земјотрес со интензитет од 6,9 степени според Рихтерова скала го погоди индонезискиот регион Кепулауан Бабар, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Според сеизмолошкиот центар, епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 117 километри под површината на земјата.

Засега нема информации за евентуални жртви, ниту причинета материјална штета.

Сепак жител на еден од островите вели дека спиеле кога го почувствувале земјотресот. Креветите се нишале, а луѓе врескале наоколу, и бегале.

Земјотресот не предизвика цунами во Индискиот океан.