Шпанската Влада разгледува мерки, вклучително и полициски час


Шпанската Влада разгледува неколку можни мерки, вклучително и полициски час, во обид да се справи со новиот бран на зараза со коронавирусот, изјави денеска шпанскиот министер за здравство Салвадор Иља. – Воведување на полициски час во Мадрид, а можеби и пошироко, бара воведување вонредна состојба, изјави Иља. Тој додаде дека за секоја вонредна состојба, која ќе трае […]

Данска: По три часа бегство, вратен во затвор убиецот кој уби шведска новинарка


Осуден убиец од Данска, кој уби шведска новинарка за време на интервју во неговата подморница, и го фрли нејзиното распарчено тело, избега од затвор. Поранешниот бизнисмен Питер Мадсен (49) успеа да избега од затворот Херстедвестер, каде издржуваше доживотна казна затвор за убиството на Ким Вал во 2017 година. Но, после три часа бегство, данската полиција […]

Еуростат: Зголемена смртност во ЕУ за време на пандемијата на Ковид-19


Бројот на починати граѓани на ЕУ во вториот квартал од оваа година е зголемен за 168.000 во споредба со истиот период во изминатите четири години, покажуваат податоците на Еуростат. Најголем дел од нив се починати на крајот од март и почетокот на април. Во Еуростат забележуваат дека сите лица не се починати како резултат на […]

Германија издаде меѓународни потерници за основачите на Мосак Фонсека


Германските судски власти издадоа две потерници за апсење на основачите на панамската адвокатска фирма „Мосак Фонсека“ (Mossack Fonseca) околу која пред четири години избувна скандал по објавувањето на таканаречените „Панамски документи“. Според „Зидојче цајтунг“, станува збор за 72-годишниот Јирген Мосак и 68-годишниот Рамон Фонсека. И двајцата имаат панамски пасош, а Панама генерално не ги екстрадира […]

Германските виролози не ја исклучуваат можноста од неконтролирано ширење на Ковид-19


Друштвото за вирологија на Германија денеска предупреди на страшни последици од неконтролирано ширење на новиот коронавирус престојната зима во земјата. Друштвото апелираат на научно засновано дејствување против пандемијата. – Поради експлозивната динамика на инфекцијата, што е забележана ширум Европа постои стравување декаод некоја одредена точка ќе дојде до губење на контрола над заразата, истакнуваат виролозите. […]

Во Украина рекорден број починати од корона вирус, 113 за еден ден


Во последните 24 часа во Украина е забележан рекордна смртност кај пациенти со коронавирус – 113 смртни случаи. Советот за национална безбедност соопшти дека досега се потврдени вкупно 309.107 случаи на Ковида-19, 5.786 починати и 129.533 излекувани пациенти. 

СЗО до Европа: Контактите на заразените мораат во изолација


  Во екот на вториот бран на пандемијата со корона вирус и наглиот пораст на бројот заразени во Европа и во САД, шефот на службата за итни здравствени ситуации на Светската здравствена организација, Мајкл Рајан на властите им порача да ги ставаат контактите на заразените во изолација. „Кога би имал право на една желба, со […]

Трамп го нападна главниот експерт за заразни болести: „Луѓето се уморија од слушање на Фаучи и сите тие идиоти“


Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот повторно го нападна главниот стручњак за јавно здравје на САД, Ентони Фаучи, заради управувањето со кризата предизвикана од пандемијата на корона вирусот, нарекувајќи го „катастрофа“. Трамп ова го рече во телефонски разговор со неговиот штаб за кампањата, кој бил проследен до Си-Ен-Ен и други американски медиуми. „Луѓето се уморни […]

Нови правила за последниот круг од предизборната ТВ дебата Трамп-Бајден


Нови правила се воведуваат за последниот круг од предизборната ТВ дебата Трамп-Бајден, побара Комисијата за контрола на претседателските избори во САД. Комисијата објави дека може да биде исклучен микрофонот на кандидатот кој не добил збор од водителот за другиот да може да одговори две минути без да биде прекинуван за поставеното прашање. Двајцата претседателски кандидати […]

Во Германија 6.868 новозаразени, 47 починаа


Во Германија во последните 24 часа регистрирани се 6.868 нови случаи со Ковид-19, а починаа 47 пациенти, соопшти Институтот „Роберт Кох“. Од почетокот на епидемијата во земјата заразени се вкупно 373.167 лица, од кои 9.836 починаа, пренесе Ројтерс.

Ирска се враќа на највисокото ниво на ограничувања поради ширењето на Ковид-19


Ирскиот премиер Мајкл Мартин синоќа го потврди враќањето на државата на највисоко ниво на ограничувања во борбата против новиот коронавирус, што ќе трае шест недели. Нивото на ограничувања за Ковид-19 од сегашното – 2 се подигнува на ниво – 5, највисоко. Мерките ќе почнат да се применуваат од утре и се меѓу најстрогите во Европа. […]

Во Аргентина има над милион заразени со Ковид-19


Бројот на лица заразени со новиот коронавирус во Аргентина надмина еден милион. Во изминатите 24 часа, бројот на потврдени нови случаи на инфекција со коронавирусот во таа држава е 12.982, со што вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата достигна 1.002.662. Со тоа, Аргентина стана петтата земја во светот што ја премина границата од […]

Францускиот министер за внатрешни работи побара затворање на џамијата во Пантен


Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен побара затворање на џамијата во градот Пантен (предградие на Париз), од каде на Фејсбук беше објавено видео во кое се критикува наставникот кој беше убиен во петокот. – Го замолив префектот (на департменот) Сен Дени да ја затвори џамијата во Пантен, изјави министерот за ТФ1. Според него, префектот […]

Ломбардија се затвора по 23 часот до 5 наутро од 22 октомври


Италијанската Влада се согласи на барањето од регионот Ломбардија, кој беше силно погоден од епидемијата на Ковид-19, да воведе дополнителни ограничувања за борба против новиот бран зараза, изјави портпаролот на Министерството за здравство. Во Ломбардија, чиј центар е италијанската финансиска престолнина Милано, регистрирани се околу 128.400 од над 423.500 случаи на коронавирус откриени во Италија […]

Републиканците поразени во Врховниот суд за клучна одлука за гласање по пошта


Врховниот суд на САД донесе одлука дека гласачките ливчиња за претседател од Пенсилванија, клучни за шансите на Доналд Трамп да биде реизбран, ќе се сметаат за валидни ако бидат добиени во рок од три дена од денот на изборите, дури и ако се со нечитлив поштенски печат. Според Си-Ен-Ен, четворица судии гласале против, што значи […]

Русија планирала сајбер напад на Олимписките игри во Токио


Игрите во Токио требало да бидат попречени, но тие се откажаа поради корона вирусот   Руските воени разузнавачки служби планирале сајбер-напад врз Олимписките гри и Параолимписките игри во Токио ова лето, во обид да го попречат главниот спортски настан во светот, откри Националниот центар за кибер безбедност на Велика Британија, обелоденувајќи заедничка операција со американското […]

Норвешки лекар тврди дека во таа земја вирусот мутирал


Нова мутација на САРС-КоВ-2 корона вирус е откриена во Норвешка, тврди главниот лекар на општината Трондхајм, Тове Рестад, додека Роспотребнадзор наведува дека не е утврден нов сој на вирусот во Русија. Норвешкиот таблоид Верденс Ганг денеска објави дека е откриена нова мутација на коронавирусот во Норвешка во Трондхајм на северот на земјата, пренесува ТАСС. Русија, […]

Брижит Макрон во самоизолација поради Ковид-19


Сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон, Брижит Макрон, ќе биде во самоизолација седум дена откако беше во контакт со лице заразено со Ковид-19, соопштија од кабиентот на Макрон. Како што се наведува, Брижит Макрон била во контакт во четвртокот, на 15 октомври, со лице кое денеска имало позитивен тест за Ковид-19 и има симптоми на […]

Трамп го нарекол Фаучи „катастрофа“


За време на конференциски разговор со предизборниот тим американскиот претседател Доналд Трамп упати остри критики за експертот за заразни болести Ентони Фаучи, нарекувајќи го „катастрофа“ и дека „луѓето се уморни од Ковид-19“. Тоа го јавија американски медиуми кои се повикуваат на изјави на новинари кои го слушале разговорот. „Луѓето се уморни од корона вирусот“, рекол […]

За една недела 44 отсто повеќе заразени во Европа со Ковид-19


Бројот на нови случаи на заразени со новиот коронавирус во Европа се зголемија за 44 отсто за една недела. Голем број држави продолжуваат да ги засилуваат мерките по преминувањето на прагот на 250.000 смртни случаи на пандемијата на Стариот континент. Сега има повеќе од 40 милиони случаи ширум светот. Белгија воведува полициски час ноќе за целата […]