СЗО до Европа: Контактите на заразените мораат во изолација

 

Во екот на вториот бран на пандемијата со корона вирус и наглиот пораст на бројот заразени во Европа и во САД, шефот на службата за итни здравствени ситуации на Светската здравствена организација, Мајкл Рајан на властите им порача да ги ставаат контактите на заразените во изолација.

„Кога би имал право на една желба, со цел подобрување на само една работа која можеме навистина да ја поправиме и да ја смениме состојбата, тоа би било да се осогура секој поединец кој бил во контакт со заразен и да биде ставен во карантин доволно долго, за да се прекине синџирот на пренос“, рече Рајан на конфереција за новинарите во Женева.

„Мислам дека тоа не се правеше ниту пак се правеше на системски начин“, и тоа е една од главните причини поради кои сега имаме така високи бројки, вели тој.

Барањето контакти во многу од европските земји е отежнато, а бројот нови случаи со Ковид-19 буквално експлодира на Стариот континент, последните две недели.

„Во околу половина од земјите на европскиот регион СЗО минатата недела забележа 50-отстотно зголемување на бројот на инфекции“, рече тој.

Неговата колешка Марија Ван Керхове зачудена е што концептот на жаришта на епидемијата, кои се прават со собирања на кои не се внимава на мерките, „не им влегува во глава“.

„Знам дека на луѓето им е доста, но тој вирус покажа дека може повторно да се појави со огромна брзина и да им се закани на болниците и здравствениот систем ако не внимаваме на мерките“, рече директорот на СЗО, Тедрос Гебрејесус.

Во светот има повеќе од 40 милиони заразени, а починаа 1,1 милион луѓе.