Од коронавирус почина поранешниот судански премиер Садик ал-Махди


Од последици на Ковид-19, три недели по хоспитализацијата во Обединетите Арапски Емирати, почина водечкиот судански политичар и поранешен премиер, Садик ал-Махди, соопштија неговото семејство и  партијата Ума. Махди беше последниот демократски избран премиер, кој со воен удар во 1989 година беше соборен од власта, а на негово место дојде доскорешниот претседател Омар ал-Башир. Махди ја […]

Фон дер Лајен: Постигнат напредок во преговорите за Брегзит


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека ЕУ ќе биде подготвена доколку Велика Британија одлучи да ја напушти Унијата без трговски договор и покрај „реалниот напредок“ во неизвесниот процес на преговори за Брегзит. Британските медиуми пренесуваат дека трите главни пречки за постигнување договор се правото на риболов во британските води, механизмите за […]

ЕУ сака да го забрза создавањето лекови без согласност од сопственикот на патентот


Белгија– Европската унија сака да ги забрза постапките за создавање генерички лекови без согласност на сопствениците на патенти, покажа документот на ЕУ за потегот насочен кон заобиколувањето на заштитата на правата на интелектуална сопственост во итни ситуации, јави Хина. Таканареченото задолжително добивање дозвола е дозволено во вонредни ситуаици според правилата на Светската трговска организација (СТО) […]

Рамноправноста на жените може да се врати 25 години наназад поради корона вирусот


  Пандемијата од корона вирус може да ја уназади рамноправноста на половите за 25 години, покажаа најновите податоци на организацијата UN Women. Имено, поради последиците од Ковид-19, жените дополнително завршуваат повеќе домашни работи и водат грижа во семејството. „Може за една година да изгубиме се за што се боревме во последните 25 години“, вели Анита […]

СЗО: Возрасните и децата треба повеќе да се движат за време на пандемијата


Швајцарија – Секој четврти возрасен и четири од пет адолесценти немаат доволно физичка активност, соопшти СЗО. Сите возрасни лица треба да прават најмалку 150 минути напорна физичка активност неделно, што е уште поважно за благосостојбата и менталното здравје во време на коронавирусот, соопшти Светската здравствена организација (СЗО) во своите први упатства за оваа деценија. Препорачливо е децата и […]

Мерките на ограничување во Германија остануваат до 20 декември, можно е пролонгирање и до јануари


Германија– Германската канцеларка Ангела Меркел синоќа изјави дека со лидерите на 16 германски држави се договорила ограничувачките мерки против ширењето на коронавирусот да останат на сила до 20 декември, додавајќи дека веројатно тие ќе продоложат и во јануари. -Бројот на инфекции се уште е преголем, изјави Меркел пред новинарите, но додаде дека мерките ќе бидат […]

Трамп го помилува поранешниот советник за национална безбедност, Мајкл Флин


САД – Американскиот претседател Доналд Трамп го одобри помилувањето на неговиот поранешен советник за национална безбедност, генералот Мајкл Флин. „Голема чест ми е што објавувам дека генералот Мајкл Т. Флин доби целосно помилување. Честитки за генералот Флин и неговото прекрасно семејство”, напиша Трамп на својот профил на Твитер, посакувајќи му среќен празник на Флин. Американските медиуми […]

Бајден повика на внимателност од коронавирусот за време на Денот на благодарноста


САД – Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден ги повика Американците да бидат внимателни и безбедни за време на празниците. Бајден кажа дека граѓаните се уморни од ограничувањата што ги носи епидемијата на коронавирусот, но, сепак, побара да бидат внимателни затоа што бројот на новозаразени се зголемува од ден на ден, јавија британските медиуми. Новиот американски […]

Полска и Унгарија се против и родовата еднаквост во надворешната политика на ЕУ


Унгарија и Полска изразија силно спротивставување на планот на ЕУ за „промовирање на родова еднаквост и зајакнување на жените“ како дел од надворешната политика на блокот. Последниот судир со Будимпешта и Варшава – кој минатата недела стави вето на буџетот на ЕУ и планот за обновување на коронавирусите поради спротивставување на врската со владеењето на […]

Францускиот сенат усвои предлог-резолуција за потребата од признавање на Република Нагорно Карабах


Францускиот сенат – горниот дом на францускиот парламент со огромно мнозинство, 305 гласови За , 1 против и 30 воздржани ја усвои предлог-резолуција за потребата од признавање на Република Нагорно Карабах, јави дописникот на МИА. Предлог-резолуција предложена од повеќе сенатори беше разгледана  во примена на членот 34 1 од Уставот на Франција, ја осудува воената […]

Во Велика Британија најмногу починати од Ковид-19 од 5 мај


Во последните 24 часа во Велика Британија се пријавени 696 смртни случаи од коронавирусот, што е највисок дневен биланс од 5 мај. Тоа се 88 смртни случаи повеќе од претходниот ден, јави Би-Би-Си. Британската Влада, исто така, соопшти дека се регистрирани 18.213 новозаразени, што е голем скок од вчера кога имаше 6.914. Од почетокот на епидемијата во Велика Британија се регистрирани вкупно 1.557.007 […]

УНИЦЕФ: Во 2019 година 100.000 деца починаа од СИДА


Фондот за деца на Обединети нации (УНИЦЕФ) во најновиот извештај наведува дека 100.000 деца починале од СИДА во 2019 година, а речиси 320.000 деца и адолесценти се новоинфицирани. Според податоците, приближно на секоја минута и 40 секунди едно дете или младо лице на возраст под 20 години било заразено со ХИВ минатата година, се наведува […]

ЕУ се заканува да ги напушти преговорите за Брегзит


Европска Унија се закани дека ќе се повлече од преговорите за Брегзит, ако Велика Британија не се согласи на компромис, објави британскиот весник Гардијан. Главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние го предупредил британскиот колега Дејвид Фрост, дека ќе ги напушти преговорите ако во следните 48 часа Даунинг стрит не одобри голема промена во […]

Парламентарните избори во Германија на 26 септември идната година


Германската Влада денеска донесе одлука парламентарните избори да се одржат на 26 септември следната година, изјави портпаролката на Владата Мартина Фиц. Конечната одлука мора да ја донесе германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер. За распишување на изборите за Бундестагот, законот предвидува само приближно време во кое треба да се одржи гласањето, а во тие рамки мора да […]

Десетици илјади луѓе евакуирани во Индија поради циклон


Десетици илјади луѓе ги напуштија своите домови во низинските области на јужна Индија и заминаа во засолништа за евакуација за да го избегнат циклонот Нивар кој се движи кон крајбрежјето и се очекува да донесе обилни дождови. Циклонот прво ќе го погоди крајбрежјето во близина на Мамалапурама и Караикал во државата Тамил Наду, соопшти Метеоролошката служба на тој индиски […]

ЕУ почна прелиминарни разговори за руската вакцина „Спутник V“


Европската агенција за лекови (ЕМА) почна прелиминарни разговори со производителот на руската вакцина „Спутник V“, изјави денеска портпаролот нa Европска комисија Стефан де Керсмакер. Тој истакна дека ЕМА досега не  добила апликација за сертифицирање на руската вакцина против Ковид-19, но се обратила до производителот на вакцината „Спутник V“ и во моментот се водат прелиминарни разговори.

Ентони Блинкен ќе ја враќа Америка во светот


Посветен интернационалист, со длабоки и личнио врски со Европа, новиот државен секретар ќе ги поправа мостовите што беа поткрешни последниве четири години. Координацијата со европските партнери ќе биде поголема, па и кога станува збор за Македонија и регионот   Љупчо Поповски Американски „Политико“ тоа го нарече Бајденовата „одмазда на кариеристите“. Но не кариеристи во пежоративна […]

(Видео) Автомобил, со две пораки, се забил во оградата од канцеларијата на Меркел во Берлин


Автомобил управуван од непознато лице денеска удрил во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин, наведуваат светските агенции, но засега не се соопштуваат деталите за несреќата. Според фотографиите на социјалните мрежи, на автомобилот што удрил во портата биле напишани и пораки. „Стоп за политиката на глобализација“ и „Проклети убијци на деца и […]

Првите граѓани на ЕУ ќе бидат вакцинирани пред крајот на годинава


Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен најави дека првите граѓани на Европа ќе бидат вакцинирани против Ковид-19 пред крајот на декември оваа година. Во својот говор пред Европскиот парламент, Лајен предупреди дека и покрај „светлото на крајот од тунелот“, не смее да има брзо олеснување на мерките воведени против ширење на вирусот. “Ситуацијата […]

Во Русија првпат од почетокот на пандемијата над 500 смртни случаи во еден ден


Во Русија, во изминатите 24 часа починаа 507 лица од корона вирус, што е првпат од почетокот на пандемијата бројот на смртни случаи во еден ден да надмине 500. Вкупно 37.538 лица починаа од почетокот на пандемијата, пренесува агенцијата ТАСС. Во Русија, во изминатите 24 часа се потврдени 23.675 случаи на коронавирус, што е најмал […]