Европски суд на правда: Унгарија го прекрши правото на азил


 Европскиот суд на правдата денеска ја осуди Унгарија за кршење на правото на азил со воспоставување „транзитни зони“ на границата со Србија.

Судот смета дека „ограничувањето на пристапот до постапката за меѓународна заштита, нерегуларно задржување на подносителите во транзитните зони, како и враќањето во пограничната зона на државјани од трети земји со нерегулиран статус со непочитување на гаранциите во врска со постапката за враќање, претставуваат кршење на законите на Унијата, се вели во соопштението.

Судот во мај побара ослободување на барателите на азил од камповите во транзитните зони на границата со Србија, проценувајќи дека тие биле приведени без валидна причина. Тоа ја поттикна Унгарија да ги евакуира тие контроверзни кампови.

„Транзитните зони“ Роска и Томпа беа поставени откако Унгарија постави огради со бодликава жица долж границата со Србија и Хрватска во 2015 година за време на миграциската криза.