Премиерот на Словачка, Матович позитивен на Ковод-19


Премиерот на Словачка, Игор Матович е позитивен на новиот коронаирус, објавија словачките медиуми. Поради тоа претседателот на Парламентот, Борис Колар, кој вчера имаше средба со Матович ќе биде во петдневна самоизолација, откако ќе биде тестиран на Ковид-19. И словачкиот министер за земјоделство Јан Мицовски неодамна објави дека е позитивен на новиот коронавирус. Додека министерот за […]

Путин сè уште не користи паметен телефон


Рускиот претседател Владимир Путин сè уште не користи паметен телефон, иако од време на време користи интернет, изјави за радиостаницата „Комсомолскаја правда“ портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. – Нема паметен телефон, тоа едноставно е невозможно, рече тој. Иако Путин повремено користи интернет, тој нема многу време, рече Песков, одговарајќи на прашањето дали Путин може да […]

Макрон најверојатно се заразил за време на Европскиот совет во Брисел


За министерот за здравство на Франција, Оливие Веран, шефот на француската држава „очигледно не бил заразен за време на вечерата во Елисејската палата, туку евентуално за време на Европскиот совет пред неколку дена во Брисел“, јави дописникот на МИА. Макрон вчера се тестираше и резултатот беше позитивен, со што присили голем број европски и француски […]

Швајцарија нареди затворање на ресторани и спортски центри


Швајцарската Влада нареди сите ресторани, спортски и рекреативни центри од вторник да бидат затворени еден месец, и ги повика граѓаните да останат во своите домови за да спречат пренесување на коронавирусот. Во Швајцарија и Лихтенштајн денеска се потврдени нови 4.488 случаи на Ковид-19, а починале уште 120 пациенти. Од почетокот на пандемијата до денеска, во Швајцарија се […]

Англија повторно бележи зголемување на нови случаи на Ковид-19


Бројот на нови случаи на Ковид-19 во Англија значително се зголеми, а според последните неделни податоци, тој повторно надмина 500.000, по падот што беше забележан во претходните три недели. Британскиот Завод за национална статистика (ОНС) проценува дека 567.300 лица биле заразени со коронавирусот во Англија во неделата до 12 декември, седум дена по завршувањето на мерките за […]

„Њујорк тајмс“: Нема микрочип во вакцината против Ковид-19


САД – Во вакцината против Ковид-19 на американската компанија „Фајзер“ и германската „БиоНТек“, нема микрочип, напиша денеска влијателниот американски весник „Њујорк тајмс“. Авторот на текстот Кетрин Ву ги следи обидите за дезинформација на социјалните мрежи. Таа категорично ги отфрла теориите на заговор што кружат преку интернет, според кои, американската Влада ставила во вакцината микрочип за следење и […]

Универзитет во Манчестер: Ковид-19 може да предизвика парализа кај децата


Меѓународен експертски тим, по анализата на 38 случаи на деца кои биле инфицирани со тешка форма на Ковид-19, утврди дека коронавирусот може да предизвика и парализа кај најмладите. Научниците испитувале случаи на деца од осум земји, меѓу кои и Италија, и утврдиле дека, иако станува збор за вирус што ги напаѓа респираторните органи, тој може […]

Објавени тајните цени на Ковид вакцините


Белгија – Државната секретарка за финансии во Белгија Ева де Блекер ги објави цените на вакцините против Ковид-19, јавија локалните медиуми. Како што пренесуваат медиумите, податоците биле објавени на Твитер за време на дискусијата за федералниот буџет, која траеше 30 часа. Де Блекер потоа ја избриша пораката со доверливи информации. Според објавените податоци, една доза од вакцината […]

Швајцарија: Парламентот одобри брак за сите


Швајцарскиот парламент го одобри нацрт-законот за одобрување брак за истополови парови, неколку години по многу други западноевропски земји. Швајцарците сепак треба да го кажат последниот збор затоа што партијата на Федералниот демократски сојуз (УДФ), мала формација која ги брани христијанските вредности, веќе објави дека ќе побара референдум. Граѓанскиот брак за сите, досега беше усвоен од […]

Гутереш: Светот мора да овозможи вакцината против Ковид-19 да биде достапна за сите


Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш нагласи дека додека богатите нации спроведуваат вакцинација против коронавирусот, светот исто така мора да овозможи вакцината да биде достапна „секаде и за сите“. Во обраќањето пред Бундестагот, Гутереш ги пофали научниците од германската компанија „БиоНТек“, кои заедно со американската „Фајзер“ ја развија првата детално проверена вакцина против Ковид-19. Тој […]

Истражување: Ковид-19 е речиси трипати посмртоносен од грипот


Околу една година од почетокот на пандемијата, јасно е дека новиот коронавирус е посмртоносен од сезонскиот грип, се наведува во денеска објавената научна студија која открива колку е опасен Ковид-19. Неговата смртност е речиси трипати поголема кај пациентите со Ковид-19. Авторите на истражувањето ја користеле француската национална статистика и ја објавија во списанието „The Lancet […]

Бразил ќе ги ограничи граѓаните ако одбијат да се вакцинираат против Ковид-19


Врховниот суд на Бразил и дозволи на државата „индиректно да го принуди“ населението да се вакцинира против новиот коронавирус доколку се донесат соодветни закони. Преку нив, властите на различни нивоа ќе можат да воведат ограничувања на граѓаните во случај на одбивање на имунизација. „Сојузниот врховен суд донесе одлука дека вакцината против коронавирус може да биде […]

Помпео: Рускиот систем С-400 е закана за војската и воената технологија на САД


 Рускиот систем С-400 претставува закана за безбедноста на војската и воената технологија на САД, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео пред неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу. Според Помпео, руските системи, кои ги купила Турција, ќе и овозможат, исто така, пристап на Русија до турските вооружени сили и нејзината одбранбена индустрија. Државниот секретар на САД побарал […]

Меѓународен ден на мигрантите – над 272 милиони раселени во светот


Тажна реалност е дека во последните години се случија миграциски движења и раселувања во светот предизвикани од настани кои со себе донесоа големи страдања и трауми, како и загуба на човечки животи. Само во 2019 година бројот на меѓународни мигранти се искачи на 272 милиони, што претставува 3,5 проценти од светската популација, а 74 отсто […]

Роберт Кох: Рекорден број новозаразени во Германија – 30.277 лица


 Германија има повеќе од 30.000 дневни инфекции со коронавирус, првпат од почетокот на пандемијата, објави германскиот институт Роберт Кох. Институтот објави дека податоците за заразените вклучуваат 3.500 случаи од југозападната провинција Баден-Вуертемберг, кои од технички причини не биле вклучени во статистиката на случаи од четвртокот. Рекордни 30.277 случаи се потврдени во изминатите 24 часа. Починати се 813 […]

Американската Агенција за храна и лекови ја одобри вакцината на „Модерна“


Советодавниот одбор на американската Агенција за храна и лекови (ФДА) одобри итна употреба на вакцината против коронавирусот, изработена од компанијата „Модерна“, производител на лекови со седиште во Масачусетс и Националниот институт за здравство (НИХ). Одобрувањето на вакцината беше поддржано од 20 членови на одборот, со еден воздржан, една недела откако истото тело даде согласност за […]

Во Португалија воведуваат полициски час во новогодишната ноќ


Во новогодишната ноќ во Португалија стапува на сила во 23:00 часот полициски час како делод мерките за намалување на ширењето на новиот коронавирус. Тоа го изјави синоќа премиерот Антонио Коста. – Мораме целосно да ги исклучиме новогодишните прослави, изјави Коста по видео состанок со министрите, додавајќи дека на луѓето нема да им биде дозволено да […]

Бајден негативен на Ковид-19


Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден е негативен на новиот коронавирус, изјави неговата портпаролка Кејт Бедингфилд. Бајден беше тестиран откако советникот во Белата куќа, Седрик Ричмонд, беше инфициран со Ковид-19, се вели во соопштението пренесено од Ројтерс. Ричмонд не беше во близок контакт со Бајден, не на начин дефиниран од Центарот за инфективни болести, рече Кејт […]

(Видео) Заложничка криза во близина на Париз, мажот и жената најдени мртви


Според информациите испратени до БФМТВ, жандармите ја констатирале  смртта на мажот и неговата сопруга откако заврши заложничката драма во Домон. Мажот и неговата сопруга биле во фаза на равод. Жената поднела жалба против него за семејно насилство, за што сопругот претходно бил осуден. Обвинителството на Понтоиз  посочи дека отвори истрага за киднапирање, намерно насилство со […]

Снежна бура во САД: Завеани Њујорк, Пенсилванија и Нова Англија, загинаа тројца


  Силна снежна бура го зафати североисточниот сел на САД. Забелеа Њујорк, Пенсилванија и Нова Англија. Тоа предизвика проблеми на патиштата, а тројца загинаа во сообраќајки поради лошите временски услови. Делови од Пенсилванија и горниот дел од државата Њујорк имаат по 30 см снег, додека во Бингамтон (Њујорк) падна речиси метар снег, што е најголема […]