Макрон најверојатно се заразил за време на Европскиот совет во Брисел


За министерот за здравство на Франција, Оливие Веран, шефот на француската држава „очигледно не бил заразен за време на вечерата во Елисејската палата, туку евентуално за време на Европскиот совет пред неколку дена во Брисел“, јави дописникот на МИА.

Макрон вчера се тестираше и резултатот беше позитивен, со што присили голем број европски и француски политичари да се изолираат.

-Претседателот на Републиката за себе ги применува правилата што ги замолува Французите да ги почитуваат, а тоа е носење маска внатре и надвор, што ја носи во сите околности, освен кога јаде, увери министерот за здравство Оливие Веран.

„Шефот на државата, во овој случај, очигледно не беше заразен за време на оброк или вечера во Елисејската палата, туку  веројатно на Европски совет, на самитот што ги собра лидерите на земјите членки на ЕУ на 10 и 11 декември во Брисел“, рече тој.

-Беше организирана работна вечера во голема, пространа просторија. За жал, не сме имуни на контаминација, рече министерот.

Според информациите претседателот Макрон сега се наоѓа во резиденцијата Лантерн во близината на Версај, каде е изолиран и продолжува да работи.

Откако вчера се дозна дека францускиот претседател Емануел Макрон е позитивен на коронавирус се погласно се зборува за вечерата организирана во средата вечерта во Елисејската палата, на која имало повеќе од шест гости. Во врска со неа, денеска веќе се поднесени две претставки против НН лице за загрозување на животот на другите, јави дописникот на МИА.

После вечерата одржана Елисејската палата во средата, две здруженија – „Жртви на коронавирус Франција“ и здружението на трговци „Лес Пендус“, поднесоа жалба против НН лице за загрозување на животот на другите.

Според нивниот адвокат, Фабрис Ди Визио, утрово е поднесена првата кривична пријава до јавниот обвинител на Париз, веројатно насочена кон „сите учесници на вечерата, со исклучок на Жан Кастекс и Емануел Макрон. Втората пријава е поднесена истовремено до Судот на правдата на Република „против Жан Кастекс, прецизира адвокатот.

-Неодговорноста е фрапантна: имаше десет гувернери  на долгата вечера на која се разговараше за теми кои немаа итен карактер, со што се прекрши полицискиот час што во сила влезе претходниот ден, се наведува во соопштението на адвокатот Ди Визио.

Овие две пријави се надоврзаа на дел од критиките во печатот, откако беше откриено дека шефот на француската држава е позтивен на коронавирус и дека највисокиуте државни фунцкионери на најфлагранет начин не ги почитувале мерките, додека нивното почитување се бара од обичните Французи.