Путин сè уште не користи паметен телефон


Рускиот претседател Владимир Путин сè уште не користи паметен телефон, иако од време на време користи интернет, изјави за радиостаницата „Комсомолскаја правда“ портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Нема паметен телефон, тоа едноставно е невозможно, рече тој.

Иако Путин повремено користи интернет, тој нема многу време, рече Песков, одговарајќи на прашањето дали Путин може да прочита бројните објави на интернет за него и неговото опкружување.

Портпарол на Кремљ потсети дека Путин во изминатите денови се подготвувал за годишната прес-конференција, се занимавал со горливите државни прашања, вклучувајќи ги и цените на храната.

На прашањето кој може да стои зад лажните вести за личниот живот на Путин, Песков истакна дека некои неодамна објавени материјали „насекаде имаат отпечатоци од странска разузнавачка агенција“, но се воздржаа да ги именува.

Путин вчера ги прозва американскиот Стејт департмент и американските разузнавачки агенции дека се автори на лажни вести за него и неговото семејство.