Гутереш: Светот мора да овозможи вакцината против Ковид-19 да биде достапна за сите

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш нагласи дека додека богатите нации спроведуваат вакцинација против коронавирусот, светот исто така мора да овозможи вакцината да биде достапна „секаде и за сите“.

Во обраќањето пред Бундестагот, Гутереш ги пофали научниците од германската компанија „БиоНТек“, кои заедно со американската „Фајзер“ ја развија првата детално проверена вакцина против Ковид-19.

Тој додаде дека Германија треба да биде многу горда на сите достигнувања.

Исто така, ја пофали и германската канцеларка Ангела Меркел, поради нејзиното стабилно, мудро и сочувствително лидерство, што и помогна на земјата во текот на пандемијата.

– Наша задача сега е да овозможиме вакцините да станат јавно добро, достапни секаде и за сите, нагласи Гутереш.