Њујорк тајмс: Заговорот за украдени избори не помина, па приврзаниците на Трамп се фатија за друг – вакцината 


САД – Сидни Пауел, адвокатка од правниот тим на претседателот во заминување Доналд Трамп, која ширеше теорија на заговор за изборна измама, неодамна на Твитер поттикна нова теорија на заговор, за вакцината против коронавирус. 

Пауел до неодамна тврдеше дека постојат несоборливи докази, потврдени со „масивна документација“ дека изборите се украдени и дека таа би ја објавила веднаш, но откако изборниот колеџ на САД неделава и официјално ја потврди победата на Џо Бајден, се прошири нова теорија на заговор, објави весникот денеска. 

Според оваа теорија, населението на САД ќе се подели на вакцинирани и невакцинирани, и дека „големата држава“ ќе ги следи и надгледува сите невакцинирани.  

Во земјата неделава започнаа првите вакцинации од Ковид-19, дел од напорите на администрацијата да го запре драматичното ширење на заразата во многу сојузни држави. 

Менувањето на темата од страна на Пауел е дел од поширокиот тренд на дезинформции овојпат поврзани со вакцината, откако приговорите за изборна измама не сработија по судовите во САД, а електорскиот колеџ ја потврди победата на Бајден. 

Според експертите, ширењето на оваа дезинформација е помогнато од радикални десничарски веб страни, и голема и прилично силна мрежа од активисти за анти вакцинација, предводена од Роберт Ф. Кенеди -помладиот, внук на познатиот американски претседател Роберт Ф. Кенеди, кој беше убиен во атентат.