Санчез во самоизолација по неодамнешната средба со Макрон

Шпанија – Шпанскиот премиер Педро Санчез ќе биде во самоизолација до 24 декември откако беше објавено дека претседателот на Франција, Емануел Макрон е позитивен на Ковид-19.

Санчез и Макрон имаа средба во понеделникот во Париз, а денеска Елисејска палата соопшти дека Макрон е инфициран со новиот коронавирус.

– Претседателот денеска е тестиран и е позитивен. ПЦР тестот беше направен откако пројави први симптоми, се наведува во соопштението од Елисејска палата.

Макрон ќе биде во самоизолација следните седум дена.