Унгарија воведува нови ограничувања на границите заради коронавирусот


Унгарија – Унгарија, од задутре, 15 јули, воведуваа нови ограничувачки мерки долж своите граници заради зголемените случаи на коронавирус во некои од земјите, јави шефот на кабинет на премиерот Виктор Орбан, цитиран од британските медиуми. Заради надминувањето на епидемијата од коронавирус во земјата Унгарија ги разлабави ограничувачките мерки, отворорајќи ги границите за патниците од европските земји, …

Унгарија воведува нови ограничувања на границите заради коронавирусот Read More »

Франција на аеродромите ќе тестира патници од ризични области


Франција – Франција планира во наредните денови да почне целно тестирање за новиот коронавирус на луѓе кои доаѓаат од области со висок ризик, соопшти портпаролот на француската Влада Габриел Атал. Луѓето кои ќе можат да докажат дека неодамна биле тестирани на вирусот, ќе можат да избегнат повторување на тестот во Франција, рече Атал. Министерот за здравство …

Франција на аеродромите ќе тестира патници од ризични области Read More »

Италијанскиот регион Лигурија за првпат без нови случаи на Ковид-19


Италија– Регионот Лигурија во северна Италија, во близина на Ломбардија која беше најтешко погодена од коронавирусот, првпат од почетокот на пандемијата нема нови случаи на зараза. Според најновите податоци, нема нови смртни случаи, а 18 лица оздравеле. Регионалните власти соопштија дека податоците потврдуваат позитивен тренд во Лигурија по укинувањето на блокадата воведена поради пандемијата и …

Италијанскиот регион Лигурија за првпат без нови случаи на Ковид-19 Read More »

Хашим Тачи денеска ќе се појави пред Специјалното обвинителство за Косово во Хаг


Холандија– Косовскиот претседател, Хашим Тачи, денеска треба да биде сослушан во Хаг од Специјалното обвинителство за Косово, што кон крајот на јуни го обвини за голем број воени злосторства извршени на Косово. Приштинската телевизија „Клан Косова“ јави дека Тачи „вчера околу 15 часот го напуштил аеродромот во Тирана“ за да пристигне на „сослушувањето во Хаг, …

Хашим Тачи денеска ќе се појави пред Специјалното обвинителство за Косово во Хаг Read More »

Бројот на заразени од коронавирус во светот надмина 13 милиони лица


САД– Во светот веќе има над 13 милиони, поточно 13.041. 695 заразени лица со коронавирусот, пренесе страницата „Ворлдметерс“. Според неа, од Ковид-19 досега умреле 571.660 луѓе, додека 7.578.093 се излекувале. Се уште е најлоша ситуацијата во САД, каде што повеќе од 3,4 милиони луѓе се заразени со вирусот, додека 137.733 лица умреа. На второ место …

Бројот на заразени од коронавирус во светот надмина 13 милиони лица Read More »

Расте бројот на заразени во Италија, виновни курирската служба и мигрантите


  Италија бележи раст во бројот на заразени од корона вирус откако тој се прошири во курирската служба на северот на земјата и меѓу мигрантите спасени на море. Во претходните 24 часа регистрирани се уште 234 заразени, а од последиците од Ковид-19 починаа деветмина. Во регионот Емилија-Ромања забележани се 71 случај на инфекција, што е …

Расте бројот на заразени во Италија, виновни курирската служба и мигрантите Read More »

На изборите во Полска Анджеј Дуда има супертесно водство, покажуваат излезните анкети


Екстремно важните претседателски избори во Полска завршија како фотофиниш со мала предност на сегашниот претседател Анджеј Дуда. Според излезните анкети на „Ипсос“ Дуда води пред неговиот либерален противкандидат Рафал Тржасковски, за помалку од еден процентен поен – 50,4 наспроти 49,6 проценти. Бројките се во рамките на границата на грешка во анкетата од 2 отсто, што …

На изборите во Полска Анджеј Дуда има супертесно водство, покажуваат излезните анкети Read More »

Црн ден за цел свет – највисок број новозаразени


  Светската здравствена организација соопшти дека во последните 24 часа забележан е рекорден број новозаразени со корона вирус. Од Ковид-19 во еден ден заболеа повеќе од 230.000 луѓе. Најголем пораст е забележан во САД, Бразил, Индија и Јѕжна Африка, се наведува во дневниот извештај, пренесе Ројтерс. Претходниот рекорд беше забележан ан 10 јули, 228.102. Стапката …

Црн ден за цел свет – највисок број новозаразени Read More »

Усмрти 20 луѓе и себеси – бил лут оти требало да му ја урнат куќата


  Возачот на автобусот во кина кој заврши во езеро, бил лут, заклучија истражителите, па поради тоа загинаа 21 човек. Возачот Жанг бил лут оти требало да ја урнат куќата во која живеел, а ја изнајмувал. Дополнително бил и пијан. Тој загина во несреќата што сам ја предизвика. односно помина преку шест ленти и влезе …

Усмрти 20 луѓе и себеси – бил лут оти требало да му ја урнат куќата Read More »

САД со рекорден број новозаболени и хоспитализирани лица со Ковид-19 


САД– Ковид-19 и понатаму се шири во САД, а во одредени сојузни држави забележан е рекорден дневен пораст на бројот на новозаболени и хоспитализирани лица поради Ковид-19. Во измнинатите 24 часа во Аризона регистрирани се 1.061 лица инфицирани со новиот коронавирус, со што бројот на заболени се искачи а 27.864 луѓе, од кои 313 починале. …

САД со рекорден број новозаболени и хоспитализирани лица со Ковид-19  Read More »

Кремљ: Односите Русија – САД никогаш не биле на пониско ниво


Односите помеѓу Русија и САД се наоѓаат на најниска точка во историјата, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков во интервју  за државната телевизија „Русија 1“. – Ситуацијата е многу лоша и на ниво на билатералните односи и најверојатно во смисла на одговорноста на двете земји за мултилатералните односи, пред се на контролата на оружје и …

Кремљ: Односите Русија – САД никогаш не биле на пониско ниво Read More »

Италијански инфектолог тврди дека епидемијата во Италија завршила


Експертот за инфективни болести Матео Басети, директор на Клиниката за инфективни болести во Џенова, вели дека епидемијата на Ковид-19 во Италија поминала и оти тоа може да се види од бројките. – Оној што ја следи епидемиолошката ситуација во Италија може да мисли дека сè уште сме во екот на епидемијата на коронавирусот. Сите вести …

Италијански инфектолог тврди дека епидемијата во Италија завршила Read More »

Папата Франциск повреден од одлуката на Турција Аја Софија да стане џамија


Папата Франциск денеска изјави дека е повреден од одлуката на Турција музејот Аја Софија да стане џамија и го осуди овој потег. – Моите мисли одат во Истанбул. Мислам на Аја Софија и многу сум повреден, рече папата за време на неделната молитва на плоштадот Свети Петар во Ватикан. Како што најави турскиот претседател Реџеп …

Папата Франциск повреден од одлуката на Турција Аја Софија да стане џамија Read More »

Во Русија повторно протести поради апсење на гувернер


Стотици луѓе денеска втор ден демонстрираат во Хабаровск, на рускиот далечен исток, како поддршка на гувернерот на тој регион кој е обвинет за вмешаност во неколку убиства. Гувернерот на регионот Хабаровск, Сергеј Фургал (50), беше уапсен во четвртокот и префрлен во Москва, каде после сослушување му беше одреден притвор од два месеци. Руските власти соопштија …

Во Русија повторно протести поради апсење на гувернер Read More »

Ѓукановиќ: Односите со Белград не се добри


Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ оцени дека односите меѓу Црна Гора и Србија „не се добри“ и изрази надеж дека Белград „има здрав разум и подготвеност“ да работи на подобрување на тие односи што е од заеднички интерес. Во интервју за денешното издание на црногорскиот весник „Побједа“, Ѓукановиќ рече дека Црна Гора „со ништо не придонесува“ …

Ѓукановиќ: Односите со Белград не се добри Read More »

Во Индија рекорден пораст на новозаразени со корона вирусот


Во Индија во последните 24 часа регистрирани се рекордни 28.637 нови случаи на корона вирусот, со што вкупниот број на заболени достигна 849.553. Ова влошување на епидемиолошката состојба ги натера властите да најават воведување на карантински мерки во траење од една недела во градот Бангалор во јужниот дел на земјата. Во текот на вчерашниот ден, …

Во Индија рекорден пораст на новозаразени со корона вирусот Read More »

Британски виролог тврди дека капките кои содржат корона вирус се заразни еден час


Британскиот виролог Венди Баркли изјави дека лабораториските испитувања покажуваат оти капките кои содржат коронавирус во воздухот можат да останат заразни еден час. Затоа е значајно што Светската здравствена организација оваа недела го смени службениот став, признавајќи дека пренесување на корона вирусот преку воздух сепак е можно, рече Баркли, која е вработена во Империјал колеџ во …

Британски виролог тврди дека капките кои содржат корона вирус се заразни еден час Read More »

Руската вакцина за корона вирус безбедна за луѓето


  Испитувањата на првата вакцина во светот против корона вируст на доброволци на Сеченовскиот универзитет во русија успешно се завршени, соопшти директорот на Институтот за медицина и биотехнологија на тој Универзитет, Вадим Тарасов. Првата група доброволци ќе бидат пуштени следната недела на 20 јули, Клиничките испитувања почнаа на 18 јуни. Вакцината ја призведе истражувачкиот центар …

Руската вакцина за корона вирус безбедна за луѓето Read More »

Пандемијата на корона вирусот во светот не слабее


Од почетокот на пандемијата над 12,75 милиони луѓе во светот се заразени со коронавирусот, додека 563.869 пациенти починале. Русија вчера регистрираше уште 6.615 нови случаи на заразени, со што вкупниот број на пациенти се зголеми на 727.168. Во претходните 24 часа, во земјата починаа уште 130 пациенти со потврден корона вирус, досега вкупно 11.335. Министерството …

Пандемијата на корона вирусот во светот не слабее Read More »

Во Мексико, повеќе од 6.000 новозаразени со Ковид-19


Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 6.094 новозаразени со коронавирусот и 539 смртни случаи. Во Мексико вкупно се заразени повеќе од 295.000 луѓе, а речиси 35.000 починале. Мексиканските власти соопштија дека бројот на заразени и мртви може да биде многу поголем од официјалните податоци.